ЛА ЛИГА 2023/2024

Анчелоти самокритичен: Поразот од Атлетико е само моја вина

Фудбалерите на Реал Мадрид го претрпеа првиот пораз сезонава и тоа на доста болен начин, губејќи од лутиот градски ривал Атлетико со 3:1, а целата вина по овој неуспех ја презеде тренерот Карло Анчелоти.

Италијанскиот стратег признава дека неговиот тим не изгледал онака како што требало и не бега од тоа дека тој морал да направи повеќе за да не дошло до таква ситуација.

Всушност, тимот од „Сантјаго Бернабеу“ и во натпреварот од Лигата на шампионите против Унион Берлин изгледаше бледо, но тогаш се извлече во судиското надополнување за минимална 1:0 победа.

„Кога губите со 3:1 од градскиот ривал, тогаш е сосем нормално како тренер да преземете одговорност. Тоа е најмалку што можам да направам. За ова виновни не се играчите, туку е мој неуспех. Така треба да се гледа на ситуацијата“, изјави по натпреварот искусниот предводник на мадриѓаните.

„Примивме слични голови, а тоа не смее да ни се случува. Многу слабо влеговме во натпреварот, некако недоволно подготвени, а тим каков што е Атлетико такви работи знае да ги казнува. Го покажаа целиот квалитет и сосем заслужено успеаја да остварат важна победа бидејќи целиот натпревар беа подобри од нас и тоа треба да се признае“, истакна Анчелоти.

Remote video URL

Реал веќе в среда има нов дуел од Ла Лига кога дома од 19 часот ќе го пречека Лас Палмас.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе