Ангелов: Можно е заезерување на дел од Вардар, но нема опасност од поплави

Поради градежен зафат направен е насип со којшто е попречено дел од речното корито на Вардар, доаѓа до подигање на нивото на водата која поради производство на електрична енергија се испушта од системот на мавровските електрани, но и од Козјак, Матка 2 и Матка 1, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција на мостот во изградба кај хотел „Русија“.

Ангелов изрази загриженост за можно излевање на водата од реката Вардар на пешачката патека кај самиот мост, меѓутоа потенцира дека не постои сериозна опасност за граѓаните, освен за потенцијалните шетачи коишто не би ја забележале водата.

Воедно, тој додаде дека за состојбата се известени надлежните субјекти, компанијата „Гранит“, која има надлежност за изградбата на мостот, како и Општината Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување.

– За граѓаните да имаат појасна претстава, некаде од 8 часот наутро, па некаде до 24 часот се произведува електрична енергија поради што имаме зголемен доток на вода во Вардар од овие две локации – дел од водите на Мавровското Езеро и дел од водите на браната Козјак, која што преку Матка 2 и Матка 1 се влева во Треска, а потоа доаѓа во Вардар. Но, водата која што притоа се испушта е еквивалентна на водата која што влегува во овие езера, бидејќи знаете дека езерата се блиску до биолошкиот минимум поради што не се испушта повеќе вода отколку што влегува, изјави Ангелов.

Тој појасни дека потенцијален проблем може да настане доколку се појават силни врнежи или нагло топење на паднатиот снег од повисоките места.

– Во случај, доколку дојде до засилено врнење на дожд или нагло топење на снег ние како ЦУК ќе побараме од Електрани на Северна Македонија да ја сопрат водата која што истекува од Мавровското Езеро и од останатите езера кон реката Вардар, но граѓаните треба да знаат дека водата во просек патува околу три часа, тоа значи дека и по собирањето на водата на неа и требаат три часа да дојде до ова место каде што ние стоиме. Приближно тир часа. Второто сценарио, доколку имаме силни врнежи од дожд или нагло топење на поголеми количества на снег, е компанијата целосно да го отстрани овој насип којшто го попречува речното корито, но за тоа ќе и биде потребно повеќе од еден ден, истакна тој.

Според Ангелов, не постои опасност од излевање на реката Вардар до околните згради во Општина Аеродром, туку само опасност од „заезерување“ на овој дел од речното корито, кое како што вели, може да поплави само мал дел од десетици евентуално стотина метри од кејот на Вардар и да предизвика евентуално оштетувања на велосипедската и на патеката за пешачење и трчање на кејот на реката Вардар, но не и друга посериозна штета.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе