УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Ангеловски: Нè чека тежок меч, Грузија има добра селекција

Репрезентацијата на Македонија од денеска се наоѓа во Тбилиси, каде утре од 18:00 часот против Грузија го игра вториот натпревар од новото издание на Лига на Нации.

Пред вечерашниот тренинг, селекторот Игор Ангеловски изјави дека нема топ фаворит во групата и дека очекува интересен натпревар.

Тој додаде дека очекува токму со Грузија да се сретнеме во финалето на плеј-офот на за пласман ан ЕУРО.

„Нè чека тежок меч, бидејќи Грузија има добра селекција. Не можам детално да зборувам за планот на утрешниот натпревар, но секогаш ја подготвувам екипата за да можеме да играме најдобро. Ќе се обидеме да покажеме добар фудбал. Би сакал тука да дојдеме повторно во ноември и да играме во финалето на плеј-офот за пласман на ЕУРО 2020. Сепак, сега сме фокусирани на утрешниот дуел“, рече Ангеловски на пресот.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, пред утрешниот дуел против Грузија  изјави дека „Жолто-црвените“ дошле по трите бода во Тбилиси.

„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје, тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени, но во овој дрес секогаш треба да се даде максимумот и само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија се игра утре од 18:00 часот на „Динамо Арена“ во Тбилиси.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе