Anonymous ја хакираа руската федерална агенција и објавија 360.000 датотеки

Најпознатата хакерска група Anonymous ја хакираше Роскомнадзор, руската федерална агенција одговорна за следење и цензура на медиумите и објави 360.000 датотеки, соопшти групата на Twitter.

Меѓу цензурираните документи објавени од Anonymous, од кои некои датираат од 5 март, се и оние кои покажуваат дека Москва цензурирала сè каде се споменува војната како „руска инвазија“ на Украина.

Роскомнадзор го блокираше пристапот на Русите на Facebook, откако руски написи беа означени како неточни. Органот, исто така, се закани дека ќе ја блокира руската Wikipedia поради вклучувањето на напис за „руската инвазија“, објави Jerusalem Post.

Anonymous пред неколку дена хакираа неколку руски медиуми, прекинувајќи ја нивната содржина и оставија порака дека „нормалните Руси не ја поддржуваат војната“.

URL

„Почитувани граѓани. Ве повикуваме да престанете со ова лудило, не ги праќајте вашите синови и сопрузи во сигурна смрт. Путин нè тера да лажеме и нè загрозува“, се вели во соопштението на руски јазик. „Изолирани сме од остатокот од светот, повеќе не се тргува со нафта и гас. За неколку години ќе живееме како во Северна Кореја“, се вели во соопштението.

Anonymous објавија сајбер војна против Русија на 24 февруари, кога започна инвазијата. Групата е заслужна за хакирање на голем број веб-страници на руската влада. Тие, исто така, отворија веб-страница на која корисниците можат да испраќаат мејлови до случајни Руси чии електронски адреси се зачувани во базата на податоци и ги охрабрија корисниците да ја „шират вистината за војната во Украина“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе