Антикорупциска отворила предмети за злоупотреби на фондови на ЕУ и за кршење на законот при именувања директори во ФЗОМ

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средтсва од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус и Еуридика, од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Пријавата е доставена и до МВР, Управата за финансиска полиција, а известени биле, меѓу другите и УО на оваа Национална агнеција, како и генералниот секретаијат на Владата, СЕП, МИОА. Нури Бајрами член на Антикорупциската комисија на денешната прес-конференција информира дека заради утврдување на фактичката состојба за наводите во пријавата, побарани се информации и од МОН како основач на оваа национална агенција, од Државниот просветен инспекторат и Инспекторатот за труд.

– На 26 јуни, годинава добивме инфомации од МОН дека е спроведениот надзор и контатирани се финансиски неправилности, односно пропусти, материјална штета, по што од Министерството е поднесена кривична пријава до ОЈО, рече Бајрами.

Пријавата подоцна била надополнувана до Управата за финсиска полиција. Државниот иснпекторат за труд, меѓу другото, констатирал дека од директорката Димова биле склучени 107 договори кои произлегуваат од јавни повици за анализа, за ангажирање стручни советници, но констатирал дека постапките не се водени како што треба при склучување на овие договори.

Од ДКСК побарале и информација и добиле потврда од ОЈО дека постапката по овој предмет е во тек.

Овој случај ќе биде пријавен од МОН во октомврискиот извештај што секоја година го испраќа до ЕК земјата, а на почетокот на јуни, бил пријавен и до канцеларијата при Министерството за финансии  – АФКОС, одделение за борба против измами на европски средства.

Отворен е и предмет оформен по анонимна пријава во однос на изборот на директор на ФЗОМ.

Имено, на еден од директорите на 26 мај 2019 г. му престанал мандатот, но не бил објавен јавен конкурс од УО како што пропишува Законот и по истечен мандат од еден месец и 10 дена повторно на 4 јули, истата година, бил назначан за в.д директор на Фондот истиот директор, што е во спротивност со Законот за здравствено осигурување. Бајрами појасни дека при разгледување на овој случај (со Орхан Рамадани) наишле на уште едно вакво прекршување на Законот со именувањето за вд директор на Данаил Дончев (на 3 август 2018 .е именува за в.д по разрешување на Сашо Стефановски, по 6 месеци конкурс не би распишан и на 6 февруари уште еднаш бил именуван за вд директор).

– Надлежноста за објавување на оглас за избор на директори е на УО, но во случај да се разреши директорот од која било причина тогаш не се објавува оглас, а Владата именува вржител на дожноста и веднаш треба да отпочне постапка од страна на УО за избор на директор, Законите не се почитуваат, а во овој случај има пропусти и од Владата и од министерот. Наша предлог одлука е да се покрене иницијатива за разрешување на Управниот одбор на ФЗОМ, рече Бајрами.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе