Апасиев го тужи Џафери за политичка дискриминација

Претседателот на Левица и пратеник во Собранието, проф. д-р Димитар Апасиев, до Основниот граѓански суд - Скопје преку неговиот адвокатски тим од Правниот сектор на партијата поднесе приватна тужба против собранискиот спикер Талат Џафери, поради извршена политичка дискриминација во врска со неспроведувањето на Иницијативата за референдум за т.н. Француски предлог за наводни преговори со ЕУ.

Тужбата, со која меѓудругото се бара и надомест на претрпена нематеријална штета во износ од 100.000 денари, следува откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди директна дискриминација во случајот на Апасиев, кому како овластен предлагач на граѓанска иницијатива за распишување референдум на државно ниво, му беше ускратено уставното право на политичко дејствување и злонамерно беше ставен во понеповолна положба во однос на други предлагачи.

„За разлика од сите досегашни процесуирани граѓански иницијативи, по кои постапувало македонското Собрание од осамостојувањето до денес (околу 20-ина на број), иницијативата на Апасиев, како првопотпишан предлагач, не беше соодветно проследена до надлежните собраниски комисии и до парламентарниот пленум, онака како што тоа изрично го налага Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Деловникот на Собранието на РМ“.

„Претходно, проф. Апасиев иницираше и постапка за интердиктна заштита на слободите и правата пред Уставниот суд на РМ, која е во тек, а за конкретниов случај во скора иднина ќе биде иницирана и соодветна кривична постапка за сторено кривично дело Повреда на рамноправноста на граѓаните, казниво по чл. 137 од КЗ. Јавноста ќе биде благовремено информирана за првото закажано судско рочиште во оваа нова парница, иницирана против самоволието на собранискиот спикер“, објави Левица.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе