Апасиев: Ние сме колонија на американскиот империјализам

Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, синоќа одржа говор на собраниската седница за предлог-законот за измени на Законот за работните односи.

„Сакате да воведете корпоративна репресија во Републикава, односно да нѐ вратите два века назад во доменот на трудовото право. Имено, во самата Европска Унија, со Директивата број 88/2003 се вели 'просечно работно време за секој седумдневен период, вклучувајќи го и прекувременото работење, не смее да надминува 48 часа неделно'. Вие се обидувате да воведете 12 часовно работно време, шест дена во неделата! Тоа значи дека, луѓето што ќе работат, ќе бидат физички исцедени и тие ќе немаат време да ги обноват физичките капацитети за да продолжат нормално да живеат. Уставот вели дека секој работник има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права работниците НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ“, аборуваше проифесорот по римско право.

„Тоа значи, паѓа во вода оваа законска предлог-одлука за писмена согласност на работникот за да работи прекувремено. Токму поради тоа, државата треба секогаш да биде на страната на послабиот. Помеѓу силниот и слабиот, слободата е таа која угнетува, а законот е тој кој ослободува. Сега имаме ситуација законот да ги поробува работниците, наместо да ги ослободува!“, додаде.

Потоа рече дека претседателот на Собранието ќе одгова за напрвената штета на грбот на работниците. Воедно, тој носеше маичка со популарната фраза „ќе видите заедно“.
 
„За ваквиот шверцерат ќе одговара претседателот на Собранието - Талат Џафери, за кривично дело Несовесно работење во службата, по чл. 353В од Кривичниот законик, кој вели: 'службено или одговорно лице кое со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење дискреционо овластување со пропуштање на должен надзор, очигледно несовесно постапува'. Оттука, Талат Џафери бил должен ваквиот документ, како нецелосен и лажен, да го врати на предлагачот, меѓутоа тој не го сторил тоа, поради шверцератот за Коридорот 8, кој е 'Коридор Илирид'. Поради тоа, кога ќе паднете од власт, ќе одговарате!“, рече членот на Президиумот на Левица.

Целосното обраќање на Димитар Апасиев:

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе