Апасиев: Носиме закони на основа на тоалетна хартија т.н. „Преспански“

На вчерашната собраниска седница, претседателот на Левица, Димитар Апасиев истакна дека, додека бил министер Спасовски, на неуставен начин, преку носење Правилник, го внел новото име во лични карти.

Апасиев за продолжување на рокот за важноста на документите со Република Македонија рече:

„Тука станува збор за еден изнуден закон којшто реалноста ни го изнуди, но за којшто сметам дека не го дава она што го сакаме како конечно решение - бидејќи ниту власта, ниту најголемата опозициска партија не изнедрија системско решение за овој проблем. Имено, продолжувањето на рокот од февруари до декември не го решава прашањето. Впрочем, слушајте ми го зборот, во декември и ваков закон ќе треба да носиме повторно, затоа што нема да го решите проблемот.

Решение на овој проблем е бришење на членот 5 од Законот за измена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно за возачките дозволи. 

Ние носиме некои измени на закони и подзаконски акти врз основа на непостоечки закони, врз основа на тоалетна хартија."

Пратеникот од Левица потенцира дека претходно Левица го блокирала законот за воведување илегална двојазичност, каде било предвидено да се вметне и „Северна” во личните карти.

Според Апасиев, Спасовски со носењето на ваквиот Правилник извршил кривично дело и треба да одговара.

Дополнително, пратеникот Димитар Апасиев од собраниската говорница го повика новиот министер Панче Тошковски да донесе нов Правилник, со кој ќе го укине незаконскиот Правилник на неговиот претходник.

„Според актуелниот важечки Закон за лична карта, во членот 5 се вели:

Образецот на личната карта содржи натпис Република Македонија (значи не Северна), назив лична карта, натпис МКД, место за фотографија, грб и машински читлив дел. Кога сакаа во времето на Спасовски да го променат овој Закон и да воведат ‘Северна’ и да воведат илегална двојазичност, jас и пратеникот Борислав Крмов го блокиравме. Во тогашните преговори, кај поранешниот спикер Џафери, ни беше кажано дека ако не го одблокираме, ќе мора да прават правни претумбации, да ги цитирам. Ние кажавме дека нема да го одблокираме. Која беше правната претумбација?

Во Законот стои ‘Република Македонија’, не ‘Северна’. Но, министерот Спасовски во 2021 година, донесе Правилник со кој, спротивно на Член 5 од важечкиот закон, воведе Северна во личните карти. Овој Правилник веднаш го оспоривме пред Уставен суд, затоа што со подзаконски акт не можете да додавате нешто што е законска материја. Кацарска до ден денес, ја држи нашата претставка во фиока.

Тоа значи, дека со министерски правилник не можете да дерогирате собраниски закон и да менувате образци на лична карта. И за ова Спасовски кога-тогаш кривично ќе одговара. Министерот Спасовски во 2021 година, бидејќи немал законски основ за да донесе Правилник со кој ќе внесе ‘Северна’ во личните карти, се повикал на Член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта од 2007 година. Од закон донесен во времето на Гордана Јанкуловска, кој важел три месеци и предвидувал овластување да министерот донесе правилник. Гордана Јанкуловска во 2007 година си го искористила тоа право, донела некој правилник и со тоа завршува примената на тој закон. Неможејќи да најде правна основа, Спасовски прави претумбации и си го земал овој член“, кажа пратеникот Апасиев.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе