Апасиев се пофали на Фејсбук: Во 2019 имавме 9 донатори, во 2022 – 900

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи се пофали дека десеткратно е зголемен бројот на граѓани кои донирале за партијата во споредба со 2019 година.

Апасиев сподели дека во 2019 година, 9 луѓе донирале за Левица, во 2020 – 200, во 2021 – 400 и во 2022 година 900 луѓе донирале за Левица.

Тој исто така сподели линк до официјалната веб страница на Левица каде е објавено објаснување каде завршуваат донираните пари и кои се условите за донирање.

Во 2019 = 9 луѓе донирале за Левица. Во 2020 = 200 луѓе донирале за Левица. Во 2021 = 400 луѓе донирале за Левица. Во 2022 = 900 луѓе донирале за Левица. 🔥 #ПартијаНаТрудот

Posted by Димитар Апасиев on Friday, January 20, 2023

„Ние сме Партија која не дозволува идеалите и принципите да бидат условени од валканите пари на транзициските богаташи, корумпираните политичари и интересите на разни лоби групи. Во нашата партија се кали новата генерација на Македонија, која стравот и безнадежноста го заменуваат со храброст и решителност во Борбата за подобра иднина. Не е важно колку можеш да одвоиш од себе, важно е да покажеш дека си застанал во борбените редови против непријателите на Татковината, против корумпираната политичка елита. Донирај онолку колку што можеш! Важно е да се обединиме во жедта за правда и воскликот за слобода и со посветеност и ентузијазам повторно да ја воздигнеме Републиката. Најдобите денови се оние кои сѐ уште не сме ги доживеале, а ќе ги создадеме и дочекаме сплотени заедно!“, велат од Левица.

Во врска со условите за донирање, Левица споделуваат:

Согласно Законот за финансирање на политичките партии, вкупниот износ на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 60 просечни нето плати од правни лица и 30 просечни плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец и објавени од Државниот завод за статистика. Овој износ не смее да биде кумулиран повеќе од еднаш годишно.

Политичките партии не можат да се финансираат од:

– влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица;

– државни и локални органи надвор од средствата предвидени со Буџетот на Република Македонија;

– јавни установи, јавни претпријатија, јавни фондови или други правни лица кои располагаат со државен капитал;

– јавни претпријатија, јавни установи и јавни фондови формирани од општините;

– претпријатија кои имаат најмалку 20% учество на државен капитал, јавни установи и институции вклучувајќи ги и тие што го започнале процесот на приватизација;

– приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор;

– здружение на граѓани (невладини организации), верски заедници или религиозни групи;

– средства на претпријатија со мешовит капитал каде што доминантен сопственик е странски вложувач; и

– анонимни или неидентификувани извори.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе