Apple го победува Android: iPhone 13 ќе поддржува технологија за сателитска комуникација?

Судејќи според изворите упатени во новитетите на iPhone - тринаесеттиот модел ќе биде навистина посебен.

Мин-Чи Куо одамна е познат како најупатен корисник на iPhone. Тој е еден од дежурните тестери кои на Apple одамна му предизвикуваат главоболка, бидејќи исфрлаат информации за новите уреди кои допрва треба да се објават, и тоа претежно даваат точни информации - така да Куо е извор со кредибилитет.

Овој пат Куо дојде до информација дека некои модели на iPhone 13 5G ќе поддржуваат сателитска комуникација.

Некои модели на iPhone 13 5G ќе имаат специјален чип Qualcomm X60, што ќе им овозможи да остваруваат телефонски повици преку таканаречени сателитски комуникации на ниска орбита. Ако му се верува на Куо, компанијата Globalstar веќе работи на тоа да им овозможи на сопствениците на iPhone 13 да остваруваат сателитски повици преку својата сателитска мрежа.

Според истиот извор, ова е само почеток на користење на сателитските комуникации за Apple, кои ќе ги користат во идните производи за да ги подобрат и да им понудат на корисниците иновативни можности. Некои од првите следни производи со поддршка за сателитска комуникација се очилата, т.е. шлем за мешана и виртуелна реалност, но и толку често споменуваниот автомобил на Apple. Овие уреди, наводно, ќе работат за со помош на сателитските и mmW 5G сигналите заедно.

Иако iPhone 13 сигурно нема да биде првиот сателитски телефон, тој сигурно ќе биде првиот широко користен мобилен уред кој овозможува и сателитска врска. Apple ќе ги купи скоро сите акции на чипот Qualcomm X60, така што PhoneArena верува дека другите компании ќе можат да го купат само чипот Qualcomm X65, кој ќе се појави до крајот на 2022 година.

Останува да видиме дали сето ова е вистина и, ако е така, каков спој на технологии iPhone 13 ќе биде.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе