Астероидот Бену веројатно бил дел од океански свет

Анализата на примероците на астероидот Бену понуди нови тези и заклучоци.

Вселенското летало OSIRIS-REx, кое ѝ припаѓа на американската вселенска агенција НАСА, на 24 септември минатата година направи прелет покрај Земјата и пушти капсула со примероци земени од астероидот Бену. На леталото му требаа 7 години да стигне до астероидот и да ги врати примероците на Земјата, а сега е на пат до астероидот Апофис.

Во меѓувреме, примероците од астероиди понудија значителен увид во еволуцијата на нашиот Сончев Систем. Неодамнешната анализа на примероците сугерира дека вселенската карпа можеби некогаш била дел од примитивниот океански свет.

Првичната анализа на примероците на Бену покажа докази за јаглерод и вода, суштински компоненти за развој на животот на планетата. Сепак, најновите тестови открија дека примероците содржеле и магнезиум натриум фосфат, јонско соединение кое се состои од катјон на магнезиум и анјон на фосфат. Ова откритие ја изненади НАСА, бидејќи далечинските сензори на вселенското летало OSIRIS-REx не го забележаа.

„Постои можност астероидот да се одвоил од одамна исчезнат, мал, примитивен океански свет“, наведе НАСА.

На 20 октомври 2020 година вселенското летало OSIRIS-REx зеде примерок од реголит од кратерот Хокиои на астероидот Бену. Го користел механизмот TAGSAM, кој се состои од механичка рака со глава за земање примероци. Бену беше избран за мисијата затоа што телескопските набљудувања покажаа примитивен, јаглероден состав и минерали што содржат вода.

Астероидите како Бену никогаш не се стопиле или зацврстиле од нивното првобитно формирање. Ова значи дека составот на астероидот Бену може да обезбеди вредни информации за раната еволуција на Сончевиот Систем пред околу 4,5 милијарди години.

Тагови
реклама

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Read more

Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Секс за мрзи: Позата „лежечки полицаец“ гарантира интензивни оргазми

Read more

Вести

Неверојатна снимка од Кина: Случајно се лансираше ракета и предизвика огромна експлозија

Read more

Закерберг ги обвинува ривалите дека сакаат да создадат ВИ Бог

Read more

Пет работи што веројатно погрешно ги знаете за Т-Рекс

Read more

Астероидот Бену веројатно бил дел од океански свет

Read more
 

Гик

Поставен нов рекорд во брзина на интернет

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајн што само мајка може да го сака - новиот Pixel на Google изненади со изгледот

Читај повеќе

Што е квантна технологија? 6 примери од секојдневниот живот

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна снимка од Кина: Случајно се лансираше ракета и предизвика огромна експлозија

Читај повеќе
  • play_arrow

Закерберг ги обвинува ривалите дека сакаат да создадат ВИ Бог

Читај повеќе

Новото подобрување ќе ги израдува фановите на iPhone 16

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пет работи што веројатно погрешно ги знаете за Т-Рекс

Читај повеќе

Ubisoft потврди дека работи на римејк на старите игрици Assassin's Creed

Читај повеќе

Астероидот Бену веројатно бил дел од океански свет

Читај повеќе