Atlas - новиот робот кој знае да трча
Boston Dynamics како да имаат мисија да докажат дека не постои нешто кое ние можеме да го направиме, а роботите не можат. Американската компанија објави видео во кое нивниот робот наречен Atlas е излезен надвор на „попладневно трчање“.
Можеби се сеќавате на Atlas, тоа е истиот робот кој минатата година покажа дека може да направи салто наназад. Овој робот, надополнет со кучињата-роботи на Boston Dynamics, покажуваат дека скоро и да не постои нешто што тие не можат да го направат.