Audi Quattro Spyder - заборавениот концепт од 1991 година

Повеќето концептни автомобили кратко остануваат во очите на јавноста, а доколку не добијат сериска верзија, лесно паѓаат во заборав. Многумина сакаа на патиштата да видат еден интересен концепт на Audi, но тоа никогаш не се случи.

Станува збор за концептот Audi Quattro Spyder претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт во 1991 година на врвот на напорите на германската компанија да биде на полуксузната, но помејнстрим територија окупирана од Mercedes-Benz и BMW, но пред ренесансата во средината на 90-тите кога Audi го започна својот модерен период со концептот TT Freeman Thomas во 1995 година.

Многумина веруваат дека би бил одличен спортски автомобил во 90-тите, бидејќи ги содржи најдобрите дизајнерски карактеристики на компанијата од Инголштад. Само погледнете ги задните светла, кои претставуваат дизајнерска прогресија од светлата на моделите 80 и 100.

Концептот имаше стаклен покрив кој можеше да се тргне, а беше придвижуван од 2,8-литарски V6 мотор кој развиваше 174 КС и 244 Nm вртежен момент. Тежеше приближно 1.100 килограми, а од 0 до 100 км/ч забрзуваше за само 6 секунди. Максималната брзина беше 241 км/ч. Моторот беше поврзан со 5-степен мануелен менувач и погон на четири тркала, а имаше централен диференцијал Torsen за распределба на вртежниот момент и блокиран заден диференцијал позајмен од Golf Syncro 4x4 од 80-тите.

Концептот се одликуваше со тубуларна челична шасија, алуминиумски панели на каросеријата, предна суспензија со двојна коска, спирални пружини и дополнителни жици, како и диск сопирачки со ABS технологијата на Audi.

Иако целта беше да се произведе спортски автомобил и клиентите вложија депозити, проектот никогаш не беше реализиран. Рецесијата од раните 90-ти ги уништи плановите бидејќи алуминиумската конструкција беше прескапа и се појави дури со доаѓањето на следната генерација на моделот А8. ТТ пристигна неколку години подоцна.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе