Австралиски истражувачи открија кои мерки против корона се ефикасни

Меѓународен тим на чело со Петер Климек тврди дека најдобрите мерки против коронавирусот се паметна комбинација од неколку мерки.

Климек и неговиот тим испитале 4.500 мерки кои земјите низ светот ги вовеле од јануари до мај 2020 година.

Работа од дома                   

„Знаеме дека помага секое редуцирање на физички контакти. Најголема опасност се слабо проветрените простории во кои се собираат луѓе од различни домаќинства. И како тоа да се спречи? Со работа од дома кога е тоа можно, а угостителството би требало сè повеќе да врти на услуги со достава“, објасни Климек.

Ран полициски час и забрана на алкохол

Според статистиката, раниот полициски час и забраната на алкохол не играат важна улога во борбата против коронавирусот. Според Климек, не е важно кога почнува полицискиот час. Исто така, оваа мерка го зголемува ризикот од организирање забави во приватни простори.

Хотели и ресторани

Истражувачите наведуваат дека се релативно безбедни места. Само 2,5 проценти од кластерите може да се поврзат со услуги од сместување и угостителство. Тоа го потврдува и Агенцијата за безбедност на храна (AGES). Според оваа агенција, хотелите и рестораните не се извор на зараза.

Училишта

„Градинките и училиштата би требало да останат отворени, но најмногу трансмисија има од возрасната група од 14 до 18 години. Поради тоа, овие ученици би требало да следат онлајн настава“, вели Климек.

Носење маски

За оваа мерка научниците се сигурни дека има ефект. Тие откриле дека земјите чии граѓани носеле маска преку носот и устата во раната фаза на епидемијата, најдобро минале низ првиот бран на вирусот.

Сепак, носењето маски во текот на настава во училиште не е потребно, бидејќи нема смисла, покажала студија спроведена во Минхен.

Локдаун

Локдаун како оној во Германија, што ќе се воведе на 2 ноември, ќе ја загрози и Австрија, смета Климек. Во моменталната ситуација тој смета дека земјите сè уште не треба да бидат блокирани, но исто така на наведува дека е невозможно да се мине без заострување на мерките.

Комуникација

Како што е случај со маските, и претходно донесените доброволни мерки се поефикасни од оние кои подоцна доаѓаат како задолжителни. Затоа, научниците сметаат дека од голема важност е комуникацијата на властите со жителите. Образованието и информациите за широката јавност се клучни за запирање на пандемијата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе