Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски може да ги смени клубовите во текот на летниот преоден рок. За фудбалерот е заинтересиран Реал Мадрид. Агентот на играчот Пини Захави комуницира со неколку клубови кои го посакуваат полскиот репрезентативец во своите редови.

Баерн може да го продади 32-годишниот напаѓач, бидејќи клубот се соочува со некои финансиски тешкотии во услови на пандемија на коронавирус. Сумата за трансфер може да достигне 60 милиони евра, пишува AS.
Пред неколку дена беше објавено дека Баерн добил понуди за трансфер на Левандовски од неколку врвни клубови во Европа.
Левандовски беше блиску да се приклучи на Реал во неколку наврати. Во 2014 година, шпанскиот клуб испрати понуда до агентот на играчот. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Переc беше импресиониран од учинокот на Левандовски против Борусија (4:1) во 2012/13. Од тој момент, Перес е голем обожавател на полскиот играч.
Во тековната сезона, Левандовски постигна 36 гола и шест асистенции на 26 настапи во Бундеслигата.