Бајден победи - како изгледа процесот до преземање на должноста од Трамп?

Џо Бајден е изгласан за нов претседател на Соединетите Амрикански Држави, но работата тука не е завршена, бидејќи има уште неколку чекори во американскиот изборен процес до конечната транзиција на власта.

За да стигне официјално до извршување на должноста претседател на САД, има уште неколку клучни работи што треба да се испочитуваат. Прочитајте подолу како изгледа процесот до преземање на должноста од актуелниот претседател, Доналд Трамп.

Ден на изборите е време кога американските граѓани гласаат за избор на следниот претседател. Меѓутоа, имајќи го предвид уредувањето на оваа држава, граѓаните не го избраа директно својот претседател, туку избраа електори (избирачи) од нивната федерална држава, кои, врз основа на мнозинството гласови, го претставуваа гласот, односно изборот на граѓаните.

Исто така, оние што го следеа изборниот процес знаат дека новиот претседател требаше да освои најмалку 270 изборни гласови. Според последните статистики на Associated Press, Бајден има 290 гласови од Изборниот колеџ, а Трамп 214.

По завршувањето на процесот на гласање, следи пребројувањето на гласовите, но ни тука не е крајот, бидејќи до 8 декември треба да бидат решени сите сомнежи, жалби до судовите и спорови околу изборот на електорите за Изборниот колеџ.

После тоа, на 14 декември, електорите се состануваат за формално да гласаат за претседател и за потпретседател. Според тоа, сојузните држави и Областа Колумбија, каде што се наоѓа седиштето на Владата, мора законски и според партиските регулативи да гласаат на начин на кој граѓаните гласаа во самиот изборен процес.

Електорот кој нема да го повтори гласот како што бил пресметан  претходно како избор на народот, ќе се смета за „недоверлив гласач“.

После тоа формално гласање, гласовите за претседател и потпретседател се бројат, а електорите потпишуваат шест „потврди за гласање“. Потврдите, заедно со другите службени документи, се испраќаат по препорачана пошта до други службени лица, вклучувајќи го и претседателот на Сенатот, и мора да бидат доставени до 23 декември.

После тоа, Претставничкиот дом и Сенатот ќе започнат со пребројување на тие гласови на 6 јануари на заедничка седница. Откако ќе бидат потврдени 270 изборни гласови, тогаш претседателот на Сенатот, во овој случај Мајк Пенс, ги објавува резултатите.

Доколку никој од претседателските кандидати не освои најмалку 270 изборни гласови, Домот може да донесе одлука за изборите, повикувајќи се на 12-тиот амандман на Уставот на САД, каде со гласање би го избрале идниот претседател, објави Guardian.

Потоа следува инаугурацијата на Претседателот на 20 јануари, денот кога тој официјално ги презема своите функции и овластувања. На тој ден, претседателот во заминување го поздравува новоизбраниот во Белата куќа.

Потоа, на церемонијата на која досега присуствувале сите живи поранешни претседатели, идниот американски лидер положува заклетва. Со тој чин претседава судија на Врховниот суд, кој во моментов е Џон Робертс.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе