BBC: Трамп му понудил „пријателски превоз“ на Ким Џонг Ун од Ханој до дома

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да се врати во Пјонгјанг од самитот во Ханој во 2019 година со американскиот претседателски авион.

Како што се наведува во документарецот на BBC „Trump Takes on the World“, понудата на поранешниот американски претседател, доколку Ким прифател, ќе била „изненадување дури и за најискусните дипломати“. Ким пристигнал во Ханој по повеќедневно патување со воз низ Кина, а Трамп потоа рекол: „Може да те однесам дома за два часа, ако сакаш“.

Доколку севернокорејскиот лидер ја прифател понудата, неговото присуство и, многу веројатно, постапките на неговата придружба во авионот на американскиот претседател, но во воздушниот простор на Северна Кореја, ќе покренеа многу безбедносни проблеми.

Трамп и Ким се сретнаа двапати – првпат на историскиот самит во јуни 2018 година во Сингапур. Сепак, преговорите за денуклеаризација на Северна Кореја не напредуваа и, дури се во застој од следниот неуспешен самит во февруари 2019 година во Ханој.

Севернокорејските државни медиуми, инаку, не ја коментираа инаугурацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден.

реклама

Свет

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе