Белорусија испраќа 200 војници во Сирија кои ќе дејствуваат заедно со руските сили

Белорусија планира да испрати до 200 војници во Сирија кои ќе дејствуваат заедно со руските сили во земјата, се вели во документ објавен денеска од руската Влада.

Во нацрт-договорот меѓу Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, кој беше поддржан од рускиот премиер Михаил Мишустин, се наведува дека белоруските војници ќе работат на обезбедување „хуманитарна помош“ за населението надвор од борбените зони.

Русија спроведува воени операции во Сирија од 2015 година, кога се здружи со Иран за да ѝ помогне на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад да ја врати контролата врз поголемиот дел од земјата уништена од граѓанската војна.

Планираното распоредување на белоруски трупи во Сирија ги одразува растечките одбранбени врски меѓу Минск и Москва, две соседни сојузнички земји.

Во последните недели, Русија ги премести војниците од Сибир и Далечниот Исток во Белорусија за заеднички воени вежби. Преместувањето на војниците ги зголеми стравувањата на Запад и Киев од можна руска инвазија на Украина, во близина на чија граница Москва претходно распореди околу 100.000 војници.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој сѐ повеќе се потпира на политичката и финансиската поддршка на Кремљ по воведувањето на острите западни санкции против Минск, е за поблиски одбранбени врски со Русија. Тој неодамна ѝ понуди на Русија да распореди нуклеарно оружје во Белорусија.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе