Белоруски авион се урна во Сибир

Руската спасувачка служба потврди нека никој од екипажот на белорускиот карго авион не преживеал во несреќата која се случи денеска во Сибир.

Фото: РИА Новости

Вкупно седуммина биле во Ан-12 карго авионот кој попладнево се урна во близина на сибирскиот град Иркуцк.

„Во 14:50 часот по московско време авион Антонов Ан-12 кој летал на релација Јакуцк-Иркуцк исчезна од радарот. Прелиминарната истрага покажа дека остатоци од авионот се наоѓаат во атарот на селото Пивовариха, недалеку од аеродромот. Авионот отпочнал второ кружење за време на слетувањето по што исчезнал од радарот“, за РИА Новости изјавија од истражувачката служба.

Противпожарна екипа веднаш се упатила на местото на несреќата бидејќи паднатиот авион бил во пламен. Пожарот бил изгаснат по што се востановило дека сите седуммина се загинати. Авионот бил на белоруската авиокомпанија Гродно.

Белоруското министерство за транспорт објави дека во авионот се наоѓал искусен екипаж од тројца белоруски пилоти. Во него биле уште и двајца Руси и двајца Украинци. Авионот имал поминато во лет вкупно 12.000 часа и при несреќата не превезувал товар.

Антонов Ан-12 е советски турбопропелерски авион произведуван од 1957 до 1973 година, најмногу за потребите на советската армија. Подоцна почнале и цивилни компании да го користат, но како карго авион.

Последна несреќа на ваков тип на авион беше во 2019 година кога Ан-12 се урна во близина на аеродромот во Лвив во Западна Украина, при што загинаа петмина, а тројца беа повредени.

реклама

Симптоми на рак поврзани со спиењето

Read more

Сателитските снимки откриваат: Кина изгради мистериозен брод

Read more

Американскиот „Нострадамус“ предвиде кој ќе биде следниот претседател

Read more

Голем љубовен хороскоп за ноември 2024 година

Read more

Свет

Денес избори во САД, а после колку дена ќе го знаеме победникот?

Read more

Харис вети дека ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп дека ќе ја зајакне безбедноста на тој регион

Read more

Зошто изборите во САД се одржуваат во вторник, а не во недела?

Read more

Во завршниот говор Трамп ги нападна Камала и Бајден: Ќе ја спасиме Америка

Read more
 

Вести

Денес избори во САД, а после колку дена ќе го знаеме победникот?

Читај повеќе

ВЛЕН: Кога Куманово гореше, Ахмети се чешлаше

Читај повеќе

Иуте Македонија станува првото финансиско друштво со интегрирана регистрирана шема за електронска идентификација во партнерство со Evrotrust

Читај повеќе

Сеизмолошката опсерваторија повикува да се користат нејзините официјални информации за земјотреси

Читај повеќе

Харис вети дека ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп дека ќе ја зајакне безбедноста на тој регион

Читај повеќе

Зошто изборите во САД се одржуваат во вторник, а не во недела?

Читај повеќе
  • play_arrow

Во завршниот говор Трамп ги нападна Камала и Бајден: Ќе ја спасиме Америка

Читај повеќе

Се пренасочува сообраќајот на магистралниот пат Скопје-ГП Блаце

Читај повеќе

Го погледнав и видов дека нема нога, не знаев како да му помогнам, го изгубив умот: Исповед на таксист од Нови Сад

Читај повеќе