Боксерки или гаќи - што советуваат докторите?

Експертите предупредуваат дека мажите треба да носат боксерки, бидејќи обичните гаќи може да нанесат сериозна штета на здравјето.

Велат дека за вкусот не треба да се разговара - додека некои сакаат боксерки, други мажи сепак се одлучуваат за обични гаќи. Сепак, на кој начин и како изборот на долна облека може да влијае на здравјето?

Најновото истражување покажува дека е забележан послаб квалитет на спермата, што може да го предизвика долната облека. Ова особено важи за мажите кои сакаат да станат родители.

Експертите за сексуално здравје на мажите им дадоа предност на боксерките, бидејќи студиите покажаа дека мажите кои имаат поголема тенденција да ги носат, генерално имаат поголем број на сперматозоиди.

Истражувањето кое опфатило 700 мажи спроведено во Центарот за плодност помеѓу 2000 и 2017 година покажа дека оние кои носеле боксерки имале околу 25% повисоки концентрации на сперма и 17% повеќе сперматозоиди од оние кои носеле тесна долна облека.

„Студијата добро се согласува со фактот дека, биолошки, покачената температура на скротумот не е добра за спермата“, вели д-р Томер Сингер.

Претходно, други истражувања покажаа дека мажите кои работат во средини со висока температура имаат повеќе проблеми за да имаат деца.

Затоплувањето на скротумот, како што рекоа експертите, може да се случи и кај мажи чија работа вклучува долго седење. Премногу топли тестиси може да го оштетат бројот на сперматозоиди и да влијаат на целокупната плодност, покажа истражувањето. Дополнително, во текот на претходните децении има пад на квалитетот на спермата кај мажите, а според експертите причината можеби се крие во нездравиот начин на живот.

„Не сакаме мажите да бидат премногу нервозни поради тоа, но веруваме дека има одреден пад на параметрите на спермата што го гледаме во последните две децении. Без разлика дали тоа се должи на мобилните телефони или на помалку здравата исхрана или начинот на живот, секако гледаме значително влошување на квалитетот на спермата“, вели д-р Сингер.

Според Лидија Мингес-Аларкон, која го спровела истражувањето во 2000-2017 година, не треба да се грижат само мажите кои сакаат да имаат бебе.

„Лошиот квалитет на сперма е исто така поврзан со поголем ризик од развој на вообичаени хронични болести кои можат значително да влијаат на плодноста“, предупреди таа.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе