Британски научници почнаа да развиваат вакцини против нови пандемии

Британските научници почнаа да развиваат вакцини како гаранција од нови пандемии предизвикани од непозната „болест Х“.

Работата ја спроведува тим од над 200 научници во владиниот лабораториски комплекс со висока безбеденост „Порт Даун“ во Вилтшир. Направиле попис на сите животински вируси што можат да ги заразат луѓето и кои во иднина би можеле многу брзо да се рашират низ светот.

Кои од нив ќе се пробијат и ќе ја предизвикаат наредната пандемија не е познато, поради што научниците ѝ го дале името „болест Х“.

Екипа на Sky News го посетила местото со кое управува Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија, за да видат како се работи во лабораториите со висок степен на заштита.

„Она што се обидуваме да го направиме е да се осигураме дека сме подготвени така што, ако имаме нова болест Х, нов патоген, поголемиот дел од работата да ја имаме однапред завршено. Се надеваме дека со тоа можеме да спречиме пандемија. Но, ако не можеме, а мораме да одговориме, тогаш веќе сме почнале да развиваме вакцини и лекови за да ја разбиеме“, вели професорката Дејм Џени Харис, една од водечките во Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (УКХСА).

Центарот за развој и евалуација на вакцини „Порт Даун“ е проширен за да може да ја преземе работата. Оригинално, беше сконцентриран на COVID и тестирање на можностите на вакцините против нови варијанти.

Научниците во Центарот сега се вклучени во пратење на неколку високоризични патогени, вклучително и птичји грип, мајмунски сипаници и хантавирус, болест што ја пренесуваат глодари.

Еден од раните успеси е првата вакцина во светот против кримско-конгоанската хеморагиска треска, болест што се пренесува преку крлежи и која има стапка на смртност од 30%.

Клиничките испитувања во раната фаза штотуку започнаа, а се очекува дека 24 доброволци ќе тестираат каснување.

Како што температурите растат, болеста станува сѐ почеста во Европа, а некои патници се враќаат дома со инфекција.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе