Брутална зимска бура ја затрупа Калифорнија со снег

За 18 милиони жители на американската сојузна држава Калифорнија издадено е предупредување за можно замрзнување, додека во десетици окрузи е прогласена вонредна состојба поради последиците од серијата брутални зимски невремиња што ја покрија државата со снег, јавува BBC.

Спасувачите работат деноноќно за да ги ископаат заедниците во планинските региони отсечени од длабок снег. Американските медиуми јавуваат дека 80-годишна жена починала откако нејзиниот трем се урнал под тежината на снегот.

Популарниот национален парк Јосемити е затворен до понатамошно известување. „Вработените во паркот работат на обновување на клучните услуги за да им овозможат на посетителите безбедно да се вратат“, се вели во соопштението на Јосемити.

URL

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во 13 окрузи за да се забрза работата на спасувачите и другите даватели на помош.

„Државата ангажира и приватни компании да го забрзаат расчистувањето на снегот од критичната патна инфраструктура. Во координација со голем број служби, работиме да овозможиме снабдување со електрична енергија онаму каде што е оневозможено поради врнежите“, велат од Кабинетот на Њусом.

Повеќе од 75.000 жители и компании во Калифорнија утрово останаа без струја поради невидените врнежи снег. Во округот Сан Бернардино, источно од Лос Анџелес, снегот се отстранува деноноќно, но ќе биде потребно повеќе од една недела да стигне до некои области, изјави за AP Даун Роу, шеф на локалната канцеларија за контрола на работата.

Remote video URL
На некои места наврнаа повеќе од два метри снег

Некои области беа принудени да се справат со снежните наноси од повеќе од два метри, а властите спроведоа 17 спасувачки операции за да им помогнат на заглавените возачи и скијачи.

Во планините на округот Сан Бернардино, многу жители се заглавени во своите домови поради огромната количина на снег. Округот воспостави телефонска линија за жителите кои се соочуваат со замрзнати цевки, преоптоварени покриви и недостаток на храна.

„Знаеме дека покривите почнуваат да се уриваат поради тежината на снегот“, изјави Роу за AP. Во калифорнискиот град Креслин покривот на продавницата Goodwin and Sons се урнал поради снегот што паѓал и тоа во моментот кога безбедносните инспектори биле на терен.

Службениците го собраа она што можеа да го спасат од продавницата и им го поделија на сиромашните жители. Се предвидува повеќе снег за викендот, вклучувајќи и свежи 60 сантиметри во областа на Националниот парк Јосемити.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе