НБА 2023/2024

Дабл-дабл на Јокиќ, несфатливо слаб настап на Лилард во поразот на Бакс

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да доминира во НБА лигата и на синоќешниот натпревар против Оклахома Сити Тандер.

Најдобриот играч на светот постигна 28 поени со 14 скока и 5 асистенции во победата на Денвер Нагетс над Тандер од 128:95, а го следеше Мајкл Портер со 20 поени, 9 скока и 2 асистенции. Џамал Мареј го заврши натпреварот со 19 поени, 8 асистенции и 2 скока, додека Пејтон Вотсон додаде 17 со 4 скока. Двоцифрен беше уште и Крис Браун со 13 поени и 7 скока и асистенции.

На другата страна, Чет Холмгрен постигна 19 поени со 4 скока, додека Џејлен Вилијамс додаде 13 со 5 асистенции и 3 скока. Тре Ман уфрли 12 со 4 скока, а двоцифрен беше и Лугенц Дорт со 10 поени.

Remote video URL

Голден Стејт Вориорс го победи Хјустон Рокитс со 106:95, а Стеф Кари ги предводеше Вориорс до победата со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека Клеј Томпсон додаде 19 со 4 скока. Гери Пејтон го заврши натпреварот со 15 поени и 4 скока, додека Ендрју Вигинс додаде 13 поени.

На другата страна најдобар со 21 поен и 9 скока беше Џејлен Грин, додека Алперен Шенѓун додаде 19 со 7 асистенции и 5 скока. Џабари Смит постигна 14 поени со 8 скока и 5 асистенции, додека Дилон Брукс беше двоцифрен со 12 поени, 4 скока и 2 асистенции.

Remote video URL

Атланта Хокс направи изненадување совладувајќи го Милвоки Бакс со 127:110, а до победата ги предводеше Тре Јанг со 20 поени, 11 асистенции и 3 скока, додека Богдан Богдановиќ додаде 17 со 6 асистенции. Де'Андре Хантер и Дежонтеј Мареј постигнаа по 15, додека Џејлен Џонсон и Онјека Оконгву додадоа по 14. Садик Беј го заврши натпреварот со 13 поени и 9 скока, а двоцифрен беше и Клинт Капела со 12 поени и исто толку скокови.

Кај Бакс, Јанис Адетокунбо беше најдобар со 26 поени, 11 скока и 3 асистенции, додека Малик Бисли додаде 18 со 4 скока. Брук Лопес мечот го заврши со 13 поени и 3 скока, а двоцифрен беше и Боби Портис со 12 поени, 4 скока и 2 асистенции. За одбележување е и несфатливото лошо издание на Демиен Лилард, кој за речиси 30 минути на паркетот постигна само 6 поени со 5 асистенции и 4 скока.

Remote video URL

Лос Анџелес Лејкерс беа поразени на гости од Сакраменто Кингс со 132:127, а Кингс до победата ги предводеше Де'Арон Фокс со 37 поени, 8 асистенции и 4 скока, додека Малик Монк додаде 22 со по 3 скока и асистенции. Киган Мареј мечот го заврши со 17 поени, 8 скока и 5 асистенции, Кевин Хертер и Домантас Сабонис додадоа по 12, а двоцифрен беше и Александр Везенков со 11 поени и 4 скока.

Кај „Езерџиите“ најдобар беше Ентони Дејвис со 30 поени и 16 скока и 2 асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 27 поени со 15 скока и 8 асистенции. Торин Принс постигна 20 поени со 3 скока и 4 асистенции, а Д'Анџело Расел додаде 17 со 9 асистенции и 3 скока. Двоцифрени беа и Руи Хачимура и Кришчн Вуд со по 11 поени.

Remote video URL

Резултати:

Оклахома Сити Тандер - Денвер Нагетс 95:128
Хјустон Рокитс - Голден Стејт Вориорс 95:106
Милвоки Бакс - Атланта Хокс 110:127
Филаделфија 76ерс - Портланд Треил Блејзерс 126:98
Лос Анџелес Клиперс - Сан Антонио Спарс 123:83
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Лејкерс 132:127 (прод.)

Табела:

реклама

Кошарка

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе