НБА 2023/2024

Дабл-дабл за Дончиќ, нов пораз за Милвоки

Одличниот Словенец донесе победа за Мавс, додека продолжува кризата кај Милвоки. Чикаго на продолжение ја совлада Минесота.

Далас Маверикс со 119:107 го совлада Бруклин Нетс, а дуото Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг ги предводеше Мавс до победата.

Дончиќ имаше дабл-дабл ефект постигнувајќи 35 поени со 18 скокови, а Ирвинг додаде 36 поени па Нетси тешко можеа да се надеваат дека ќе избегнат пораз. Нив ги предводеше Микал Бриџис со 28 поени.

Екипите на Чикаго Булс и Минесота Тимбервулвс одиграа фантастичен натпревар, а „Биковите“ победија по продолжение со 129:123 откако беше 115:115. За победата на Чикаго најзаслужни беа Коби Вајт и ДеМар ДеРозан кои уфрлија по 33 поени, а Андре Драмонд беше одличен со 16 скока и исто толку поени.

На Тимбервулфс не им помогна ниту фантастичниот Ентони Едвардс со неговиот дабл-дабл од 38 поени и 12 скока.

Милвоки Бакс го запиша петтиот пораз во последните 7 натпревари, овој пат губејќи на гости кај Феникс Санс. Бадијала беше дабл-даблот на Јанис Адетокунбо од 34 поени и 10 скока, бидејќи кај домашните расположени беа Девин Букер со 32 поена, Кевин Дурент со 28 поени и 10 скока и Бредли Бил со 25 поени и 10 скока. Добар ефект имаше и Босанецот Јусуф Нуркиќ кој запиша дабл-дабл од по 10 поени и скока.

Лошата форма го симна Милвоки на делба на 3. место на Истокот со скор 33-18, колку што има и третиот Њујорк Никс, додека Феникс со 4 победи на последните 5 натпревари скокна на 6. место на Западот со скор 30-21.

Резултати:

Феникс Санс - Милвоки Бакс 114:106
Индијана Пејсерс - Хјустон Рокитс 132:129
Њујорк Никс - Мемфис Гризлис 123:113
Мајами Хит - Орландо Меџик 121:95
Бруклин Нетс - Далас Маверикс 107:119
Чикаго Булс - Минесота Тимбервулвс 129:123 прод.
Јута Џез - Оклахома Сити Тандер 124:117

Табела:

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Кошарка

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Read more

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Read more

Лејкерс во проблеми пред плејофот: Дончиќ и Ривс го пропуштаат почетокот на серијата

Read more

Заврши регуларната сезона во НБА, познати двојките за плејофот и плејинот

Read more
 

Спорт

Ливерпул потврди: Екитике ќе отсуствува до јануари 2027 година

Читај повеќе

Во судир со воз загина голманот Алекс Манингер

Читај повеќе

Интер го потврди останувањето на Киву

Читај повеќе

Новиот тренер на Интер Мајами е голем пријател на Меси

Читај повеќе

Конечна одлука: Иран ќе игра на Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Винисиус и Белингам се скараа на натпреварот против Баерн?

Читај повеќе

Арбелоа пред отказ: Кој би можело да го замени на клупата на Реал?

Читај повеќе

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Читај повеќе

Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Читај повеќе