Дали е на повидок сензационално враќање на Почетино во Тотенхем?

Тимот од Северен Лондон веќе остварил контакт со тренерот кому пред 18 месеци му даде отказ за да го донесе Жозе Мурињо.

Во Тотенхем очигледно се пишманаџии. Откако не успеаја да се вратат на победничките патеки под водство на Специјалниот, кому му врачија отказ минатиот месец, сега потрагата по нов стратег ги доведе до познато лице и тоа човекот кој ги водеше 5 и пол години, Аргентинецот Маурисио Почетино.

Директорот на лондонскиот клуб, Даниел Леви, останал во одлични односи со Аргентинецот и покрај отказот кој во ноември 2019 му го врачи. Веќе стапил во контакт со него за да го наговори да се врати во Северен Лондон.

Но, Почетино има договор со ПСЖ кој го презеде скоро, во јануари. Целите во француската престолнина не ги оствари: клубот испадна во полуфиналето од Лигата на шампионите, а титулата во Лиг 1 ја загуби од изненадувањето Лил. Освојувањето на домашните Суперкуп и Куп де Франс не ги правдаат загубените големи натпреварувања.

Засега е нејасен ставот на ПСЖ околу иднината на Почетино. Јасно е дека тимот потфрли, но јасно е и дека Аргентинецот во Париз е неполни 6 месеци.

Почетино е прв пик на Тотенхем, а според англиските медиуми во игра се и предводникот на Ајакс, Ерик тен Хах, потоа поранешниот тренер на Лајпциг, Ралф Рагник, Грем Потер од Брајтон, како и Антонио Конте кој штотуку го напушти Интер и белгискиот селектор Роберто Мартинес. Листата завршува со името на Брендан Роџерс кој седи на клупата на Лестер.

По отпуштањето на Мурињо тимот од Северен Лондон го предводеше Рајан Мејсон, поранешен фудбалер на клубот, кој имаше улога на вршител на должнста. Тешко е за верување дека тој би ја добил довербата да го водил тимот како главен стратег.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе