Дали ЕУ може да го забрани увозот на соларни панели?

Европската Унија треба да им помогне на домашните производители на соларни панели, но не може да ги затвори границите за увоз на овие производи, предупреди европскиот комесар за енергетска политика Кадри Симсон.

Кон крајот на јануари, европските производители на соларни панели побараа од Европската Унија мерки за итна помош за да се зачува производството поради евтиниот кинески увоз и залихи кои ги принудија да ги намалат цените и да го затворат производството.

Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, здружението на производители ESMC предупреди дека европските производствени капацитети би можеле да се намалат повеќе од половина во рок од неколку недели, доколку ЕУ итно не им помогне.

„ЕУ работи на голем број инструменти за поддршка на соларната индустрија“

ESMC бара од ЕУ програма за откупување на вишокот резерви на соларни модули за да се намали прекумерната понуда. Тие бараат и измена на регулативите за државна помош и посилна владина поддршка за домашните производители.

Ако не може да ги спроведе овие мерки на краток рок, ЕУ треба да разгледа и „заштитни“ механизми, како што се царини и квоти, кои би го ограничиле увозот, сугерира здружението.

ЕУ работи на голем број инструменти за поддршка на соларната индустрија, рече еврокомесарот за финансиска стабилност Мериад Мекгинис на почетокот на февруари во Европскиот парламент, нагласувајќи во исто време дека потенцијалните мерки мора да се одмерат наспроти поставените цели во енергетската транзиција.

ЕУ треба да има 750 гигавати капацитет за производство на соларна енергија до 2030 година, во споредба со 260 гигавати во 2023 година, според планот на ЕК.

„Мораме да ја поддржиме нашата индустрија“

Еврокомесарката за енергетика потсети и на климатските цели, отстранувајќи ја можноста за прекин на увозот, што, според неа, може да го загрози инсталирањето на потребните капацитети за соларна енергија.

- Дадени се различни предлози за поддршка на нашата индустрија, но јасно е дека не можеме да ги затвориме границите бидејќи ни се потребни соларни панели, изјави Симсон на новинарите кога пристигна на состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.

„Треба да ја поддржиме нашата индустрија, но ни требаат сите овие производи за да ги постигнеме нашите многу амбициозни цели“, додаде таа. Министрите за енергетика денеска ќе ги разгледаат предлозите за решенија за проблемите во секторот за соларни панели.

Посветеност кон компаниите

Симсон и комесарот за индустрија на ЕУ, Тјери Бретон, им ги детализираа на министрите во писмото што го виде Reuters, во кое се наведува можната зголемена поддршка од владите на ЕУ за производителите и аукциите и програмите за поддршка за соларни панели со високи еколошки и работнички стандарди.

Ваквите критериуми би можеле да им дадат предност на производителите на ЕУ, објаснува Reuters.

ЕУ би можела да ги обврзе и компаниите кои инсталираат соларни капацитети да вклучат производи од домашни производители во нивните портфолија, се наведува во писмото, со предлог министрите да ги разгледаат овие опции на еден од следните состаноци.

Земјите од ЕУ инсталираа рекорден соларен капацитет минатата година, зголемувајќи го за 40 отсто во споредба со 2022 година. Повеќето панели и делови се направени во Кина, во некои случаи и до 95 отсто, според податоците на Меѓународната агенција за енергија (IEA).

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Свет

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Read more

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Read more

Итна истрага по тврдењата дека има закопани тела на девојки на ранчот на Епстин

Read more

Марио Драги има нова визија за Европа: Повикува на создавање Соединети Европски Држави

Read more
 

Вести

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Читај повеќе

Илјадници во Косово протестираа против судењето на командантите на ОВК во Хаг

Читај повеќе

Силен земјотрес во Босна, почувствуван и во Далмација

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Читај повеќе

Глумците ПЕАТ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Читај повеќе

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Читај повеќе