Дали лаптопите треба да се гасат од полначот?

Една од дилемите со која се соочуваат луѓето што секојдневно работат на лаптоп е дали кабелот треба да се исклучи откако батеријата ќе се наполни. Сепак одговорот на ова прашање не е едноставен.

Според тестирањето на батеријата на лаптопите, ако уредот е постојано врзан на полнач тоа ќе го намали капацитетот на батеријата за пократко време. Освен тоа, зголемената температура во текот на полнењето може лошо да влијае на електрониката, па препораката е лаптопите да не бидат постојано врзани „на кабел“.

Едно од решенијата ако планирате подолго да го користите лаптопот е да ја извадите батеријата и едноставно да го користите како десктоп. Меѓутоа кај некои од новите модели тоа не е возможно бидејќи батериите се интегрирани во куќиштето и не е возможно да се извадат.

Интересно е дека ни производителите немаат единствен став.

Acer препорачува вадење на батеријата кога лаптопот се користи подолго, а HP вели дека лаптопот може максимум две недели да биде постојано уклучен. Dell постојано негира дека оставањето на лаптопот на полнач е проблематично, a според Apple идеално би било наизменично да се полни и користи лаптопот.

Бидејќи нема јасен одговор од производителите, веројатно најдоброто решение е да се биде умерен, односно да не се остава лаптопот постојано на полнач.

Важно е да се знае дека секоја батерија има ограничен број на полнења и празнења, како и дека високата температура може негативно да влијае на долговечноста на батеријата.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе