Дали ова било најтешкото животно во светот?

Научниците пронајдоа нов кандидат за најтешкото животно што некогаш постоело на Земјата.

збор за древен, одамна изумрен кит кој можеби тежел близу 200 тони. Научниците наведуваат дека само некои од најголемите примероци на синиот кит би можеле да се натпреваруваат со него.

Фосилизираните коски на суштеството биле откопани во пустината во јужниот дел на Перу и го добил името Perucetus colossus. Датирањето на седиментите околу остатоците покажува дека ова суштество живеело пред приближно 39 милиони години.

„Научниците всушност ги пронајдоа фосилите пред 13 години, но поради нивната големина и форма, беа потребни три години само за да ги однесат во Лима, каде што оттогаш се проучувани“, изјави еволутивниот биолог Ели Амсон, а пренесува BBC.

Пронајдени се 18 коски на древен морски цицач, т.е. ран вид кит (базилосаурид); меѓу нив имало 13 пршлени, четири ребра и дел од колкот. Имал многу густи коски поради остеосклероза, или процес на полнење на внатрешните шуплини.

Не било болест, туку адаптација

Коските исто така беа преголеми, во смисла дека имаа дополнителен раст на нивните надворешни површини - наречена пахиостоза. Експертите не веруваат дека станува збор за некаква болест, туку за адаптација што му овозможила на овој голем кит да ја има потребната контрола на пловноста кога бара храна во плитки води. Слични карактеристики на коските се видливи, на пример, кај денешните крави.

Кога ќе пронајдат скелет на одамна изумрен вид, научниците користат модели за да се обидат да ја реконструираат формата на телото и масата на животното врз основа на она што го знаат за биологијата на споредливите живи суштества. Моделите покажаа дека Perucetus бил долг помеѓу 17 и 20 метри и можел да тежи помеѓу 85 и 320 тони.

Амсон, кустос во Германскиот државен природонаучен музеј во Штутгарт, користи среден број 180; што е слично на тежината на најголемите сини китови.

„Можеме да кажеме дека Perucetus е во иста категорија тежина како синиот кит. Но, веројатно не бил особено голем поединец во тоа време. Најверојатно бил дел од општата популација. Затоа мора да имаме на ум дека кога ја користиме просечната проценка, таа веќе е во најгорните граници на најголемата тежина на синиот кит“, рече тој.

Всушност, Perucetus веројатно тежел два до три пати повеќе од синиот кит.

„Perucetus можеби тежел речиси два сини кита, повеќе од 30 африкански слонови и дури 5.000 луѓе“, изјави за CNN палеонтологот Џовани Бјанучи од Универзитетот во Пиза во Италија.

Истражувањето A heavyweight early whale pushes the boundaries of vertebrate morphology беше објавено во списанието Nature.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе