Дали шефот Вагнер има амбиции да го замени Путин на претседателската фотелја?

Злогласениот лидер на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, секојдневно е на насловните страници на медиумите поради острите коментари за војната во Украина, а многумина веруваат дека на тој начин сака да го сврти вниманието кон својата политичка моќ.

Некои дури сугерираат дека тој сака да стане претседател на Русија.

„Пригожин е многу неугледна личност“, изјави за Euronews професорот Марк Галеоти, аналитичар на руската политика.

Тој додаде дека ова е човек кој се искачи на врвот правејќи што сакаат Путин и Кремљ.

Дури и пред да ја испрати својата платеничка војска во некои од најжестоките битки во Украина, Пригожин се мешаше во изборите во САД и ги користеше своите приватни борци за матни зделки низ африканскиот континент.

Неговата последна идеја е наводното основање на политичка партија во Русија, за која аналитичарите од Институтот за проучување на војната предупредуваат дека може да предизвика „фракционирање во Кремљ“.

„Јасно е дека тој се обидува да се позиционира да игра јавна улога во руската политика“, рече Марк Бејсингер, професор по политика на Универзитетот Принстон.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин не е во опасност да биде соборен.

„Но, тој старее, и како што диктаторите стареат, оние со амбиции се обидуваат да се позиционираат за потенцијално да ја пополнат празнината што ќе ја остави смртта на лидерот“, рече тој.

Политичката моќ на Пригожин почива на Вагнер и ниту еден друг руски политичар не командувал со таква воена сила, истакнува Бејсингер. Поттикнат од неговите наводни успеси во Украина, Пригожин сигурно предизвикал бура во руската политика.

Се натегаше со гувернерот на Санкт Петербург и го нападна воениот естаблишмент поради нивната кампања против Киев, потези поради кои многу други Руси завршија во затвор.

„Пригожин е некој кој може да смисли начини да направи систем да функционира, но секогаш до одреден степен на работ на тој систем, на границите на она што е прифатливо и ги поместува тие граници“, рече Бејсингер.

Се верува дека тој потекнува од работничка класа и се смета дека поминал девет години во затвор поради кражба додека Советскиот Сојуз се распаѓаше во 80-тите.

Пригожин се толерира затоа што е „корисен за Путин“, објасни Бејсингер.

Од друга страна, аналитичарот Галеоти е поскептичен за Пригожин.

„Не гледам знаци на некаква политичка амбиција“, изјави тој за Euronews.

Тој додаде дека сите говори дека тој би можел да биде следниот претседател или министер за одбрана на Русија се апсолутна глупост.

„Дури и да му се дозволи поголема моќ, тој ќе биде инструмент на Кремљ и нема да има вистинска автономија“, рече Галеоти.

Галеоти вели дека еден од главните извори на шпекулации за таканаречените политички амбиции на Пригожин е тоа што тој е многу отворен.

Неговите политички непријатели се исто така „многу среќни“ што ја туркаат оваа идеја за да направат раздор меѓу него и Путин, додаде тој.

„Многу е опасна работа во сегашното опкружување да се зборува за него како некој што сака да биде следниот претседател“, рече Галеоти.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе