Дали телефоните ќе нѐ препознаат по начинот на кој одиме?

Студијата на Универзитетот Плимут покажа дека верификацијата на одот вградена во паметните телефони, може да биде одличен зачин за заштита на мобилните уреди.

Во светот, повеќе од 6,3 милијарди луѓе користат паметни телефони. Иако постојат механизмите за автентикација - како лозинки, PIN-ови и биометрика - студиите покажаа дека степенот на безбедност и употребливост на таквите пристапи значително се разликува.

Новото истражување, спроведено на Универзитетот во Плимут, покажа дека верификацијата на одот може да биде одржливо средство за заштита на паметните телефони и другите мобилни уреди од сајбер криминал.

Студијата на Универзитетскиот центар за сајбер безбедност, комуникации и мрежни истражувања, објавена во Computers & Security, илустрира дека - во соодветна рамка - препознавањето на одот може да биде остварлива техника за заштита на поединците и нивните податоци од потенцијален криминал.

Имено, како што покажало истражувањето, системот го препознал одот на поединците во 85% од случаите, при што тој број се искачувал на речиси 90% кога оделе со нормална брзина или брзо.

Оваа студија се надоврзува на претходната работа, преку евалуација на мулти-алгоритамски систем за препознавање на одот, и е прва што ја примени користејќи податоци од реалниот свет. Податоците беа собрани во текот на седум до десет дена со помош на жироскоп и акцелерометар, а секој учесник во студијата генерирал во просек 4.000 примероци на активности, од нормално и брзо одење до качување и симнување по скали.

„Верификацијата со проверка на одот се појави како ненаметлив начин за собирање на потребната количина на лични податоци, но досега сите тестови се одвиваа во контролирана средина. Самото препознавање на одот не е совршено решение, но може да помогне во заштитата на корисниците“, рече Нејтан Кларк, професор по сајбер безбедност и дигитална форензика на Универзитетот Плејмут.

Потврдувањето на автентичноста на сопственикот на мобилниот уред преку начинот на одење може да помогне во ситуации на кражба на уредот или заштита на податоците со блокирање на работата доколку уредот го користи некој друг освен сопственикот, велат истражувачите за сајбер безбедност.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе