Дали треба да вежбате додека сте настинати?
Кога сте настинати телото покажува различни симптоми како покачена телесна температура, кашлање, болки во грлото и слично. Но, дали вежбањето може да биде корисно за настинката? Како треба да вежбате кога сте болни?
Некои луѓе кои вежбаат дури и кога се настинати велат дека преку потењето ја победиле настинката. Но, ако веќе решите да вежбате и да го изложите телото на повеќе стрес, правете го тоа во поблага верзија и по можност, во надворешни услови.