Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, ја напушти челната позиција во Amazon, соопшти компанијата.
Безос ќе премине на местото извршен претседател на бордот директори на Amazon. Во писмо до вработените во Amazon, Безос објави дека во иднина ќе се фокусира на нови производи и рани иницијативи.
„Да се биде извршен директор на Amazon е голема одговорност и е многу напорно. Кога имате таква одговорност, тешко ќе го насочите вниманието на што било друго“, наведе тој.
Безос изјави дека и понатаму ќе учествува во важни иницијативи во Amazon, како и дека планира повеќе да се посвети на филантропијата и другите интереси, како весникот Washington Post и Blue Origin.
Човекот кој доаѓа на негово место е Енди Џеси, кој работи во Amazon од 1997 година и ги води веб услугите на компанијата. Безос ја основа Amazon во 1994 година и тогаш од е-книжара ја претвори во мега онлајн трговија на мало која продава и испорачува различни производи низ светот.