Денеска е краткоденица - календарски почнува зимата

Ви се допаѓа тоа или не, попладнево во 16 часот и 59 минути Европа официјално ќе влезе во зимата, иако метеролошки за сите нас зимата почнува уште од 1 декември.

Денеска е краткоденица, односно деноноќието во годината кога денот е најкраток, а ноќта најдолга. Краткоденицата секогаш го означува и преодот на годишните времиња од есен кон зима на северната Земјина полутопка, односно од пролет кон лето на јужната и се паѓа околу 21 декември, но не секогаш на ист датум (во 2023 ќе биде на 22 декември).

Зимската краткоденица, позната и како декемвриска краткоденица, е астрономски настан кој се заснова на навалувањето на Земјата подалеку од Сонцето. Тоа се случува кога наклонот на Северниот пол е поставен најдалеку од Сонцето, предизвикувајќи помалку светлина да стигне до северната половина на нашата планета.

Денот денеска ќе трае 9 часа и 8 минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Од утре денот всушност полека ќе почне да се зголемува. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 17:55, а ќе зајде во 8:56 утре сабајле.

Краткоденицата кај некои народи претставува и празник. Старите Римјани го празнувале Сол инвиктус, Келтите празникот го нарекувале Јуле Лог, додека Персијците Јалда. Во Индија денеска се прзанува Макара Санкранти, Кинезите го прославуваат Дончи, а Јапонците гаат традиција на денешен ден да се бањаат во јузи топла бања.

Зимата ќе трае до 20 март кога во 10:37 ќе настапи пролетта.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе