НБА 2023/2024

Денвер ја доби репризата на ланското финале со Мајами

Во реприза на минатогодишното финале, Денвер Нагетс на домашен терен го победи Мајами Хит со 103:97.

URL

Никола Јокиќ запиша дабл-дабл со 18 поени и 11 скока, а додаде и 7 асистенции, со што ја прекина серијата од четири трипл-дабли. Најефикасен кај актуелните шампиони беше Мајкл Портер со 30 поени.

Бем Адебајо постигна 22, а Џими Батлер 21 поен за Мајами.

Во одличен натпревар, Лос Анџелес Лејкерс по продолжение го победи Вашингтон Визардс со 134:131, а блескаше дуото Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

Дејвис постигна 40, а Џејмс 31 поен и клучна тројка во продолжението за триумф на Лејкерс. Леброн сега е на само 9 поени да стане првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 40.000 поени.

Џордан Пул постигна 34 поени, а Марвин Багли III додаде 23 за Визардс, кои го претрпеа 13-тиот последователен пораз.

Кошаркарите на Феникс Санс го совладаа Хјустон Рокитс со 110:105 благодарение на извонредната партија на Босанецот Јусуф Нуркиќ, кој оствари дабл-дабл учинок.

Популарниот Јука претходните денови имаше мали проблеми со скочниот зглоб, но го одигра еден од најдобрите натпревари сезонава со 16 поени и 13 скока, а имаше и две асистенции за 27 минути минати на паркетот.

URL

Кевин Букер постигна 35 поени, Кевин Дурент додаде 24, а Санс ја забележаа деветтата победа по ред дома.

Џејлен Грин го предводеше Хјустон со 34 поени, а Фред ВанВлит додаде 21.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Милвоки Бакс 99:111
Орландо Меџик - Јута Џез 115:107
Бруклин Нетс - Атланта Хокс 124:97
Њујорк Никс - Голден Стејт Вориорс 99:110
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер 132:1
Феникс Санс - Хјустон Рокитс 110:105
Денвер Нагетс - Мајами Хит 103:97
Лос Анџелес Лејкерс - Вашингтон Визардс 134:131 (прод.)

Табела:

реклама

Нови правила за возачките дозволи на ниво на ЕУ

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Европејците не ги менуваат навиките: Dacia Sandero уште е број 1

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Кошарка

Историски меч во Њујорк, го обележаа Харт и Таунс

Read more

Лејкерс се непрепознатливи: Дончиќ и Леброн добија нова шлаканица, трета по ред

Read more

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Read more

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Read more
 

Спорт

Земја која се пласираше на Мундијалот е на списокот на Трамп за целосна забрана за издавање визи

Читај повеќе

Зошто на стадионот на Евертон се служи син кечап?

Читај повеќе

Маркињос: Резил, им се извинувам на нашите навивачи

Читај повеќе

Шокантен пресврт во истрагата за смртта на Марадона: Уапсен телохранителот

Читај повеќе

ФИФА соопшти колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

Читај повеќе

Ред Бул прави рокада Јуки Цунода за Лиам Лосон

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас: Испуштивме големи 3 бода

Читај повеќе
  • play_arrow

Историски меч во Њујорк, го обележаа Харт и Таунс

Читај повеќе
  • play_arrow

Миовски: Жално да се прими гол во последните 10 секунди

Читај повеќе