Десетте најбогати луѓе во светот уште повеќе се збогатиле во 2021

Кајгана/МИА
/ 02.01.2022 / 12:06

Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на Bloomberg.

Најмногу заработил Илон Маск кој годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари, според индексот на милијардери на Bloomberg. Основачот на Tesla и SpaceX неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.

Зад него е Џеф Безос, сопственикот на Amazon, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само“ 4,5 милијарди повеќе од минатата година.

Сопственикот на Facebook, Марк Закерберг минатата година заработи 25 милијарди долари, а сега има 128 милијарди долари.

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, минатата година ја започна со 139, а ја заврши со 132 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга Мелинда Гејтс, со која во август стави крај на 27-годишниот брак, наводно има 11,4 милијарди долари.

Ко-основачот на Google, Лери Пејџ во 2021 година влезе во клубот на луѓето кои имаат 12-цифрено богатство, додавајќи 47 милијарди долари на своите 83 милијарди долари. На таа листа се впиша и неговиот колега Сергеј Брин, кој заработи уште 45 милијарди долари, со што неговото богатство достигна 125 милијарди долари.

Во збогатувањето на американските милијардери се приклучи и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата компанија во светот која тргува со луксузни производи. Заработил дополнителни 61 милијарда долари, а сега поседува вкупно 176 милијарди долари.

Арно е единствениот надвор од САД кој влезе на листата на милијардери на Bloomberg за 2021 година.

Сите десет на таа листа поседуваат повеќе од 100 милијарди долари. Единаесетта на листата, исто така Французинка, е Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничка на империјата L'Oréal  која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена во светот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе