ЛА ЛИГА 2023/2024

Диахаби можеби повеќе нема да може да игра фудбал по страшната повреда против Реал

Двајца доктори му дадоа тешка дијагноза на Муктар Диахаби по неговата хорор повреда против Реал Мадрид.

Дефанзивецот на Валенсија беше изнесен на носилки за време на саботното реми 2:2 со Реал Мадрид откако Орелјен Чуамени со целата своја тежина му падна на десната нога.

Валенсија брзо објави дека 27-годишниот играч го изместил десното колено, дијагноза која тешко може да биде многу полоша, и дека ќе биде опериран.

Двајца доктори запознаени со повредата проговорија за долгиот пат што го чека Диахаби за да закрепне.

Личниот лекар на тенисерот Карлос Алкарас, д-р Хуан Хосе Лопес Мартинес, за Mundo Deportivo изјави: „За жал, тоа е многу сериозна повреда и, според тоа, постои сериозен ризик да не може повторно да игра фудбал“.

„Овие повреди обично ја оштетуваат 'рскавицата, која е структура што не се регенерира“.

Докторот од Валенсија и специјалист по траума, Енрике Гасталди, се согласи, говорејќи за Cadena SER: „Повредата што ја претрпе Диахаби е застрашувачка“.

„Дислокацијата ги зафати предниот вкрстен лигамент и задниот вкрстен лигамент. Тоа е многу ретка повреда, најтешката што еден играч може да ја има во коленото“.

„Тој веројатно има скинато четири или пет лигаменти. Се работи за луда повреда...“

„Со ваков тип на повреда прво што треба да барам е пациентот да може да оди и да нема повеќе проблеми... а не зборуваме за помалку од 9 или 12 месеци боледување“.

„Со ваков тип на повреда нема потреба да се даваат рокови и за истото се потребни една или две операции“.

И покрај тоа што се соочи со потенцијално недефинирано отсуство, репрезентативецот на Гвинеја покажа зошто е толку сакан од своите соиграчи.

Враќајќи се на клупскиот тренинг, само три дена по повредата и пред неговата операција, дебело преврзаниот Диахаби доби аплауз од тренерот Рубен Бараха и клупскиот персонал, а неколку пати успеа дури и да се насмевне со своите соиграчи.

За време на неговата прес-конференција пред натпреварот со Лајпциг во Лигата на шампионите, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти рече: „Сите бевме блиски со Муктар. Разговаравме со него и многу ни е жал за тоа што се случи, но тој ќе се врати“.

„Повредите во фудбалот се доста чести. Бевме блиски со него и го гледавме со самодоверба и ентузијазам. Ќе се врати добар, му посакуваме сѐ најдобро“.

27-годишниот Диахаби е роден во Франција, за чии младински репрезентации настапуваше пред да се одлучи да ги брани боите на неговата вистинска татковина Гвинеја, од каде имигрирале неговите родители. Почна во младинската академија на Лион за кого и настапуваше пред во 2018 да се пресели во Валенсија. ја играше шестата сезона за тимот од „Местаља“ за кој досега собра 175 натпревари во сите конкуренции, а постигна и 8 гола.

За Гвинеја има 14 натпревари и 1 гол, а играше и на Африканскиот куп на нации сега во јануари-февруари, каде „Слоновите“ стигнаа до четвртфионалето. Неговото долго отсуство ќе биде голем удар за репрезентацијата на Гвинеја во квалификациите за Мундијалот 2026.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе