ДИК ќе им ги врачи уверенијата на избраните пратеници

Скопје, 25 јули 2020 (МИА) – Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која ќе се донесе заклучок со објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

По завршувањето на оваа седница, закажаана е свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.

Седницата е закажана откако вчера Управниот суд одлучуваше и по последните четири тужби и ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори, со што ги потврди решенијата на ДИК.

Пресудите коишто ги донесе Управниот суд се конечни, односно како што појасни Ивана Смугреска од oвој суд, против истите нема право на жалба.

– Откако ќе бидат изготвени, верификувани пресудите, истите веднаш се доставуваат до ДИК и до тужителите, односно до партиите. Роковите сега течат, не од понеделник, изјави Смугреска.

Ссудечките совети, како што појасни таа, нашле дека тужбите се неосновани, односно се судело врз основа на Изборниот законик, така што во тужбите не може да се предлагаат нови докази, нови околности.

Со врачувањето на уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав, практично се окончува целиот изборен процес.

Според Уставот, претстои Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, најдоцна до 4 август. Ако Џафери, кој вчера беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

Инаку, Џафери неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред одржувањето на конститутивната седница и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, според првичните неофицијални резултати што ги соопшти ДИК, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

По конституирањето на Парламентот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

Ова беа десетите парламентарни избори и петти предвремени парламентарни избори од независноста на земјата, кои се одржаа во специфични услови на пандемијата со COVID-19 и под посебни здравствени протоколи за заштита на изборната администрација, учесниците во изборниот процес и населението од коронавирусот.

Седницата може да ја следите на следниот линк:

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе