Димитриевски: Да покажеме дека она во Манчестер не беше вистинска слика за нас

Филип Здравески
/ 20.11.2023 / 12:56

Македонскиот голман вечерва повторно ќе се соочи со голгетерски расположените Англичани, кои во Манчестер дури седум пати ја тресеа неговата мрежа.

Англија покажа дека е најсилната репрезентација во нашата група. Двапати ја победи Италија, а киксираше само еднаш, играјќи нерешено како гостин против Украина. Згора на тоа во јуни на Македонија ѝ го нанесе најтешкиот пораз во историја - 7:0 на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Македонската единица, Столе Димитриевски, се надева дека вечерва „Рисовите“ ќе покажат дека она во Манчестер беше нереална слика за македонската репрезентација.

„Одигравме навистина многу тежок натпревар со Англија на 'Олд Трафорд'. Резултатот не беше реален со оглед на нашиот квалитет, но тоа е фудбал, се случуваат и такви работи. Научивме многу од тој натпревар, сега ни следува нов, на кој треба да покажеме и докажеме дека тоа не беше вистинската слика за нас. Играме пред нашата публика, треба да го дадеме максимумот, да одиграме одличен натпревар и да се покажеме во вистинско светло“, рече тој на прес-конференцијата.

Предупреди дека Македонија има смена на генерациите и новите играчи сѐ уште се воигруваат со оние постарите.

„Сепак, ние сме една репрезентација која има доста нови играчи, во дефанзивата и сите редови. Потребно е време за да се запознаеме и ускладиме, да одиграме заедно натпревари, тоа е факт. Мора многу подобро да работиме, цел тим во дефанзива, не само јас или одбраната. Треба да сме пофокусирани бидејќи примаме доста голови поради ситни детали кои се пресудни. По овој натпревар ни следат четири пријателски, за да се подготвиме за Лигата на нациите“.

Димитриевски бранеше на 6 од седумте досегашни натпревари во овие квалификации, но за негова несреќа Македонија заедно со Млата е убедливо најлоша во групата кога станува збор за бројот на примени голови - ние примивме 19, а Малтежаните 20. Сите 19 паднаа во мрежата кога бранеше Димитриевски.

 „Лошо се чувствувам, да бидам искрен, но ние сме една репрезентација која има нови играчи во сите линии. Потребно ни е време да се запознаеме, да собереме поголемо искуство на репрезентативно ниво. Мораме да работиме многу подобро цел тим, не само јас или одбраната. Во нападот имаме одлични играчи, додека во одбраната мораме да бидеме повеќе фокусирани бидејќи примаме многу голови од детали за кои сме виновни ние самите. Се надевам тој процес ќе помине и потоа да се покажеме во вистинско светло во Лигата на нации“, додаде тој.

По бројот на примени голови Македонија веќе ги игра најлошите квалификации за едно Европско првенство. Претходно најмногу примени голови имаше во оние за ЕУРО 1996 и ЕУРО 2016 - по 18. Општо земено, најлоши ни се оние за Мундијалот 2006 кога примивме дури 24 голови. Нова катастрофа против Англија би можела да го урне и тој рекорд.

Димитриевски се надева дека не само што тоа нема да се случи, туку можеби и првпат во овие квалификации да ја зачува мрежата незатресена. Македонија тоа го направи еднаш, кај Малта на гости, но тогаш на голот беше резервата Дамјан Шишковски бидејќи Столе имаше проблеми со грбот.

„Се чувствувам многу добро, во добра форма сум, против Реал Мадрид одиграв одличен натпревар, но сега сум во репрезентацијата и настапите за клубот се зад мене. Сега верувам дека со помош на фудбалерите можеме да останеме со чиста мрежа и против репрезентација како Англија, што би бил голем резултат за нас. Очекувам да се покажаме во вистинско светло. Како и секогаш да дадеме сѐ од себе и да одиграме на високо ниво за на добар начин да ги завршиме овие квалификации“.

Стадионот е распродаден, Македонија и Англија ќе играат пред околу 30 илјади публика (во зависност од тоа колку англиски навивачи ќе има со оглед на тоа што цел Исток е резервиран за нив).

„Очекуваме одличен спекал, ќе го дадеме максимумот, иако пред три дена одигравме еден тежок натпревар. Но, денешниот фудбал е таков и тоа не е изговор. Мораме секогаш да бидеме на највисоко ниво“, заврши Столе.

Натпреварот вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ е со почеток во 20:45 часот, а ФФМ апелираше навивачите да дојдат со време оти во 20:15 вратите ќе се затворат и влез нема да биде можен.

Тревникот на Арената никогаш подобар - Македонија и Англија ќе играат во одлични услови

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Фудбал

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Read more

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Read more

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Read more

Што се случува во Евертон?

Read more
 

Спорт

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Читај повеќе

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс го освоија НБА купот – МВП трофејот за Леброн Џејмс

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува во Евертон?

Читај повеќе

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Fun with Flags со Фримпонг од Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се менува рамнотежата на моќ во светскиот фудбал?

Читај повеќе