Диви: Најтешка одлука во кариерата, репрезентацијата ми беше сé

Петар Ангелов-Диви, денеска одржа емотивна прес конференција, на која објави крај на својата репрезентативна кариера. Миленикот на навивачите, 39-годишнот Кавадарчанец, 20 години го носеше репрезентативниот дрес, а клупската кариера ја помина во Тиквеш, Пелистер, Трембле, Вардар и Металург.

Ангелов на прес-конференцијата истакна дека е горд на она што ѝ ги до дал на репрезентацијата и воедно разочаран од начинот на кој се збогува од националниот тим.

„Секогаш е тешко да се откажеш од нешто што го сакаш, го почитува и го цениш, но кога едноставно ќе дојде време за тоа, ќе мора и тоа да го направиш. Дресот на македонската репрезентација ми значеше сé, уште од првиот натпревар кога бев во младинскиот тим, па сé до последниот со Чешка во квалификациите за ЕП. Дваесет години се многу време, годините поминати во ракометот ми овозможија да растам, да се развивам, да напредувам, не само како голман, туку и како личност. Енергијата која ја добивав кога ќе го облечев дресот на репрезентацијата, желбата да дадам сé од себе, придонесоа да ги натерам сите да навиваат за нашата репрезентација и да се чувствуваат горди и среќни. Во текот на кариерата запознав многу личности, дел од нив се денеска тука. Играв со големи играчи, ја делев соблекувалната со големи патриоти, со дечки кои ја сакаат својата земја. Ги сретнав најголемите легенди на македонскиот ракомет, моите идоли и луѓе на кои сум им се восхитувал. Работев со добри и одлични тренери, кои да бидам искрен не беа секогаш правични и не го ценеа доволно мојот труд. Од друга страна, репрезентативниот дрес ми овозможи да играм против најголемите играчи на денешницата. За репрезентацијата жртвував сé и токму ова е вистинска прилика да им се извинам на сите оние во овие 20 години, на кои не сум им го посветил вистинското внимание. Најпрвин би сакал да ѝ се извинам на мојата сопруга, затоа што поради репрезентативни обврски не бев покрај неа кога на светот дојдоа моите ќерки близначки, беа тоа одлични денови на Мундијалот во Хрватска, кога стигнавме до 11-то место во светот. Огромна благодарност и до публиката која сиве овие години го скандираше моето име. Во кариерата имав и тешки моменти, многупати сум бил потценуван како играч и покрај добрата форма сум бил принуден да седам на клупа. Секогаш сум ги прифаќал одлуките на селекторот, во интерес на земјата и добрата атмосфера во националниот тим“, рече меѓу другото Ангелов во своето обраќање пред голем број новинари, поранешни и актуелни соиграчи, луѓето од ракометната фела.

Ангелов долго време размислувал за збогување со националниот тим, првпат тоа било по Мундијалот во Катар, каде, како што рече, „не помина онака како што очекувавме“. Решил да остане во репрезентацијата откако се консултирал со неколкумина соиграчи, за да го оствари сонот, со Македонија да настапи на Олимписки игри.

„Сé беше во ред до објавувањето на поширокиот список на ракометари за Европското првенство во Полска. Нормално дека како играч очекував да бидам на таа листа, но моето име не беше меѓу четворицата голмани, кои беа дел од првичната селекција. Истото се случи и со списокот за квалификациите за Олимписките игри“, рече Ангелов, кој потоа одговори и на новинарско прашање, дали неповикувањето е исклучиво одлука на селекторот или врз неа имало влијание и од други луѓе.

„И двете. Мора да откријам нешто. Кога дојде новиот селектор, јас не бев на списокот, сé до натпреварот Вардар-Металург во Автокоманда. По тој натпревар селекторот ми се јави, ми се извини и ми кажа дека некој му рекол дека Диви и уште двајца играчи не се за во репрезентацијата“, рече Ангелов.

Диви откри дека селекторот му рекол да се појави во репрезентацијата, а дека одговор за неговото појавување ќе биде дека „имало грешка во списокот“.

Долгогодишниот репрезентативец не сакаше да одговори на прашањето дали постојат кланови во репрезентацијата.

Диви на крајот им посака среќа на своите довчерашни репрезентативни колеги на олимписките квалификации во Гдањск со зборовите „кога ќе се враќаат од Гдањск со обезбеден пласман, јас ќе бидам прв на аеродромот да им го честитам тоа“.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Ракомет

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе