ДИЖС ѝ наложи на Цементарница УСЈЕ во рок од 5 дена да премине на загревање со природен гас

Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое на „Цементарница УСЈЕ“ ѝ се наложува во двата котла за парно греење со моќност од 4,2 мегавати со кои се загрева фабриката да се користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода. Рокот за реализирање на задолжението е пет дена.

– Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот - оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 дена откако ќе биде користен природен гас како гориво. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина, за што рокот за реализирање на задолжението е 15 дена од приемот на решението, се наведува во решението на ДИЖС.

Во решението се посочува дека трошоците од анализата направена на 3 и 4 јануари 2023 година ги сноси субјектот на инспекциски надзор, бидејќи е утврдено дека примероците не одговараат на пропишаните стандарди согласно А-ИСКЗ дозволата.

– Доколку ДИЖС согласно член 200 став 4 од Законот за животната средина утврди дека не се постапува согласно Решението и не се отстранат причините настанати со донесувањето на решението, Државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд и ќе отпочне постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања, се истакнува во решението.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, синоќа на прес-конференција соопшти дека во „Цементарница УСЈЕ“ се извршени вонредни мерења на амбиенталниот воздух, при што се регистрирани покачени вредности, со што се утврдува дека фабриката придонесува кон загадување на воздухот во Скопје. По прес-конференцијата, од УСЈЕ ги демантираа наводите на Арсовска, отфрлајќи ги нејзините ставови како неосновани, а денеска објавија податоци од мерењата од нивните мерни станици, според кои, не се надминуваат дозволените прагови.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе