Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 8.647.266. Од нив починале 458.053, а оздравеле 4.571.782 луѓе.

Бројот на заразени со коронавирус во Египет достигна 50.437 лица, откако во земјата се пријавени 1.218 нови случаи. Досега од COVID-19 починаа 1.938 пациенти. Најнаселената арапска држава воведе рестриктивни мерки во март, затворајќи ги училиштата, рестораните и укинувајќи ги речиси сите меѓународни летови.

Во Германија во претходните 24 часа бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 770, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Истовремено од последици на COVID-19 починаа уште 16 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е 8.872. Од почетокот на епидемијата во земјата се регистрирани вкупно 188.534 заболени.

Во текот на ноќта во Албанијa починаa уште две лица заболени од COVID-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 41 лице. Станува збор за 67-годишен маж од Тирана и 73-годишна жена од Скадар, кои боледувале и од други болести. По еден период на едноцифрени и ниски двоцифрени бројки на новозаразени, од минатиот понеделник бројот на заболени во едно деноноќие се движи од 50 до 82 лица. Вчера беа потврдени 66 нови случаи. Од почетокот на пандемијата вкупно заразени се 1.788, оздравеле 1.086, додека активни на болеста се 633 луѓе.

Континенталниот дел на Кина пријави уште 32 случаи на коронавирус, од кои 25 се во Пекинг, соопшти Националната здравствена комисија на Кина. Вкупно во земјата има 83.325 заразени. Локалните власти го ограничуваат движењето на луѓето во Пекинг и ги зајакнуваат другите мерки, со цел да се спречи дополнително ширење на вирусот, откако се забележани повеќе инфекции на локално ниво.

Во Индија се регистрирани 13.586 новозаразени во последните 24 часа и тоа е најголем пораст на заболени во еден ден. Според податоците на Министерството за здравство, пријавени се и нови 336 починати. Вкупно во земјата се заразени 380.532 случаи, а починати 12.573 лица.

Во Русија во последното деноноќие се забележани уште 7.972 случаи на COVID-19, со што вкупната бројка на заразени достигна 569.063. Тоа значи дека трет ден по ред бројот на новозаразените нема надминато 8.000. Во последните 24 часа починало 181 лице, а вкупниот број на смртни случа во земјата достигна 7.841.

Во Словенија се регистрирани два нови случаја на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.513. Бројот на смртни случаи останува ист – 109. Последниот заболен од COVID-19 почина на 31 мај.

Неколку болници во САД ги лекуваат заразените со COVID-19 со дексаметазон, без да чекаат потврда од научното истражување чии прелиминарни резултати укажуваат дека овој ценовно најпристапен стероид ја намалува стапката на смртност кај тешките случаи на коронавирус.

Фабрика за преработка на месо во западен Јоркшир е затворена поради локално ширење на новиот коронавирус. Тоа е трета фабрика во Велика Британија која е затворена, бидејќи станала жариште во изминатите неколку дена. Британија е најтешко погодена со коронавирусот во Европа со над 42.000 смртни случаи. Вистинскиот број на починати веројатно е поголем бидејќи сите жртви на COVID-19 не биле тестирани.

Чешка денеска пријави најголем број на новозаразени со коронавирус по два месеца, откако се забележани над 100 заболени третпат од средината на април. Во изминатите 24 часа во земјата се потврдени 118 новозаразени, со што вкупниот број достигна 10.283. Досега во Чешка починаа 334 лица.

Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 48 нови заразени случаи со COVID-19. Од нив најголем број, 35, се потврдени во Виена.

Според официјалните податоци на Националниот штаб за цивилна заштита во Хрватска во изминатото деноноќие се потврдени 11 новозаразени лица со новиот коронавирус, со што вкупниот број на инфицирани од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.280. Досега од коронавирус починаа 107 луѓе.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе