Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 17.007.435 лица. Од нив починале 665.714, а оздравеле 10.534.752 лица.

– Бројот на потврдени случаи во Бугарија е зголемен за 250, а вкупниот број заразени во таа држава достигна 10.871, од кои 4.750 се активни. Починале уште 8 лица заразени со вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 355. Во моментов 699 лица се хоспитализирани, а 40 од нив се на интензивна нега. Инфицирани се 638 членови на медицинскиот персонал.

– Во Словенија во последните 24 часа, од 919 примероци тестирани за вирусот, 14 беа позитивни, колку и претходниот ден, кога беа тестирани 874 примероци. Од почетокот на епидемијата, во Словенија се евидентирани 2.115 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 237 во моментов се активни. Хоспитализирани се 21 пациент, од кои четворица се на интензивна нега. Нема нови смртни случаи, а 117 лица починаа од коронавирусот од почетокот на пандемијата во Словенија.

– Во Унгарија, потврдени се уште 9 случаи на коронавирус во последните 24 часа, а вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата е 4.465. Нема нови смртни случаи. Вкупно 596 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се зголеми за 684, на 206.926, според денешните податоци на Институт за инфективни болести Роберт Кох. Пријавениот број на смртни случаи е зголемен за шест на 9.128.

Кина соопшти за 101 нови случаи, што е највисоко за неколку недели. Северозападната провинција Синџијан има 89 новозаразени, потврдени се 8 случаи на инфекција во североисточната провинција Лиаонин, а 1 во Пекинг. Нови 3 случаи на коронавирус се потврдени кај кинески граѓани кои се вратиле од странство. Бројот на заразени со вирусот во Кина сега е 84.060, а од почетокот на пандемијата починале 4.634 лица.

– Во Бразил вирусот е потврден кај 40.816 лица во последните 24 часа, додека други 921 пациенти починале. Вкупниот број на заразени со вирусот во Бразил во моментов е 2.442.375. Како резултат на COVID-19 во оваа земја, 88.539 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

– Во Мексико, во претходните 24 часа, тестовите за вирусот дадоа позитивен резултат во 7.208 случаи, додека други 854 лица починаа како резултат на инфекцијата. Таа земја во моментов има 402.697 потврдени случаи на инфекција, а COVID-19 е причина за смрт во 44.876 случаи од почетокот на пандемијата.

– Во Индија, бројот на заразени со вирусот надмина 1,5 милиони, според Министерството за здравство. Во таа држава имаше заразени 1 милион на 17 јули, шест месеци откако беше откриен првиот случај на коронавирус на 30 јануари. За само 12 дена, потврдени се уште половина милион случаи. Имено, Индија денеска има 1.531.669 заразени со коронавирус и е трета во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил. COVID-19 уби 34.119 луѓе во Индија од почетокот на пандемијата.

– Во САД во последните 24 часа се пријавени 61.000 нови случаи на COVID-19 и 1.244 смртни случаи. Досега се потврдени 4.351.997 случаи на заразени и 149.256 смртни случаи во САД.

– Во Албанија и во последното деноноќие регистрана е троцифена бројка на новозаразени. Од направените 502 теста, позитивен резултат е добиен кај 108 лица, со што вкупната бројка се зголеми на 5.105 заразени. Во исто време битката со опасниот вирус ја добиле 41 лице или вкупно до сега 2.830 лица, додека ја изгубиле две лица, односно 150 досега. Активни на болеста се 2.125 од кои 125 се хоспитализирани во Инфективната клиника и во болницата Ковид2, од нив 24 се во тешка здравствена состојба.

– Во Косово вчера се регистрирани 194 новозаболени од COVID-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 7.846. Од нив починале 196 заразени, a во изминатите 24 часа се евидентирани и 138 излекувани. Вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностификувани со COVID-19 и ја совладале болеста изнесува 3.069. Активни носители на вирусот во земјата се 3.383 лица. Вчера се извршени 449, а од почетокот на пандемијата, вкупно 35.570 тестирања.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе