Додека Западот воведува санкции, Кина донираше 150.000 вакцини во Сирија

Веста која речиси никој од Западниот свет не ја објави е дека на 24 април Сирија доби донација од 150 илјади кинески вакцини.

На меѓународниот аеродром во Дамаск кинеската пратка била пречекана од страна на сирискиот министер за здравство Хасан ал-Хабаш, заменик-министерот за надворешни работи Башар ал-Џаафари, како и кинескиот амбасадор во земјата, Фен Бјао.

Се работи за вакцини на Sinopharm, какви што денеска пристигнаа и кај нас.

Кина организираше и видео-конференција на која кинески доктори го споделија своето искуство со сириските колеги за лекувањето на заболените од вирусот.

„150 илјади дози анти-ковид донирани гратис од Кина за сирискиот народ пристигнаа на аеродромот во Дамаск. Во меѓувреме, 'цивилизираните' земји од ЕУ и САД продолжуваат со ембарго и санкции врз Сиријците кои се растргнати од војна, тероризам, сиромаштија и зголемени трошоци за живот! Хипокрити ниедни!“, напиша на Facebook сирискиот новинар Наман Тарча.

Во Сирија до денес се регистрирани 22.513 случаи на коронавирусот, додека 1.572 починаа како последица од истиот. Но, во земјата каде Владата нема контрола врз целата територија, овие бројки треба да се земат со резерва бидејќи е многу веројатно тие да се далеку поголеми.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more
 

Вести

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе