Доларот ослабе во однос на еврото

На девизните пазари минатата недела курсот на доларот во однос на јапонската валута достигна ново највисоко ниво во последните речиси 40 години, додека во однос на еврото падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, на крајот на неделата беше речиси ист како и претходната недела, 105,85 поени.

Истовремено вредноста на доларот во однос на европската валута падна за 0,2 отсто, па цената на еврото достигна 1,0713 долари.

Но, курсот на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,65 отсто, на 160,85 јени.

На половина од неделата цената на доларот достигна 161,27 јени, што е највисоко ниво од 1986 година.

Затоа јапонските финансиски власти предупредуваат дека би можеле да интервенираат во случај на прекумерно слабеење на јенот.

Курсот на еврото во однос на јапонската валута достигна највисоко ниво во историјата, 172,38 јени.

Инвеститорите се фокусираат на податоците за инфлацијата

Инвеститорите беа фокусирани на минатонеделните податоци за инфлацијата. Инвеститорите беа изненадени од порастот на инфлацијата во неколку земји, меѓу кои Австралија и Канада.

Долго време на пазарите се сметаше дека циклусот на зголемување на каматните стапки во светот е завршен и дека следува олабавување на монетарната политика.

Сепак, растот на инфлацијата во Австралија и пораката од тамошната централна банка дека на последната седница се разговарало за зголемувањето на каматните стапки, предизвика шпекулации за дополнително заострување на монетарната политика.

Со нетрпение се чекаше извештајот за инфлацијата во САД. Податоците објавени во петокот покажуваат дека цените пораснале за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 2,6 отсто на годишно ниво.

Ова е нешто пониска инфлација од еден месец претходно, но тоа не влијаеше значително на очекувањата за каматните стапки на американската централна банка.

Лидерите на ФЕД веќе подолго време велат дека инфлацијата се уште е значително над целното ниво од околу 2 отсто и проценуваат дека е можно едно намалување на каматните стапки до крајот на годината.

На пазарот се шпекулира дека ФЕД двапати ќе ги намали каматните стапки пред крајот на годината, почнувајќи од септември.

Бидејќи ФЕД ќе ги намали каматните стапки подоцна од очекуваното на почетокот на годината, додека Европската централна банка веќе започна циклус на олабавување на монетарната политика, доларот во вториот квартал зајакна за 0,7 отсто во однос на еврото.

Во однос на јапонската валута, курсот на доларот во изминатиот квартал скокна за речиси 6 отсто.

Тагови
реклама

Како содата бикарбона може да се користи за здравствени цели?

Read more

Зошто Кејт Мидлтон не ја изгуби косата по хемотерапијата?

Read more

Посни плескавици од тиквички и модар патлиџан

Read more

Шокантни цени во Грција: Две лежалки и чадор 60 евра

Read more

Бизнис

Доларот ослабе, цената на нафтата расте

Read more

Доларот ослабе во однос на еврото

Read more

Започнува проектот БИЗНИС ЛИДЕР – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

Read more

Цените на златото се стабилизираа по двонеделен минимум

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Читај повеќе

Горд сум што сум Американец: Трамп ја поздрави одлуката на Врховниот суд за неговиот делумен имунитет

Читај повеќе

Без вода делови од Општина Ѓорче Петров

Читај повеќе

Променливо облачно, во текот на денот на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме

Читај повеќе

Времена забрана за движење на тешки товарни возила на патиштата во државата

Читај повеќе

Русија ги попречувала сателитите во Европа, ОН реагира

Читај повеќе
  • play_arrow

Албански планинари го отстранија македонското знаме од Кораб и го закачија албанското 

Читај повеќе

37-годишен маж од Кочани осомничен за силување малолетничка

Читај повеќе

Таравари не открива кој ќе биде нов директор на болницата „8-ми Септември“

Читај повеќе