Досега вакцинирани 784.244 граѓани, најголем интерес во Охрид и Кавадарци

Охрид и Кавадарци се градовите со најголем опфат на вакцинирани лица против COVID-19, со првата доза, а најмала заинтересираност, пак, има во Струмица, Гостивар и Радовиш.

Досега во државата аплицирани се 1.505.469 вакцини, а надлежните уверуваат дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат.

Согласно последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани, а ревакцинирани 721.156.

Трета доза вакцина досега примиле 69 граѓани.

Последната статистика укажува дека со една доза се вакцинирале 55 отсто од лицата над 40 годишна возраст. До 26 септември, пак, со една доза вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18-годишна возраст.

Во моментов во Охрид и Кавадарци има најмногу вакцинирани.

Во Охрид со прва доза се вакцинирале 63,9 отсто од граѓаните, во Кавадарци 64,3 отсто, во Гевгелија 61,4 отсто, а во Неготино 65,1 отсто.

Како што информираат од ресорното Министерство, помеѓу 50 до 60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Во Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и Тетово се вакцинирале од 40 до 50 отсто од граѓаните.

Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш, односно помеѓу 30 до 40 отсто.

Од Министерството потсетуваат дека граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин.

-Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот, информираат од Министерството и апелираат сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време во еден од најблиските пунктови до местото на живеење.

Како што посочуваат, само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, соопштија од Министерството.

Што се однесува до децата од 12 до 18-годишна возраст, тие можат да се вакцинираат со согласност од родител.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе