Двајца милијардери меѓу десетте најбогати американски претседатели

Најбогатите американски претседатели можеле да си купат цели држави со нивните богатства.

Уште пред да стане претседател на Соединетите Американски Држави пред четири години, се шпекулираше дека Доналд Трамп ќе биде најбогатиот човек што некогаш седнал во Овалната соба. Веб-страницата 24/7 Wall St. неговото богатство го проценува на околу 3,1 милијарди долари, што го става Трамп далеку пред „конкуренцијата“.

Сепак, другите претседатели на САД не беа сиромашни. 24/7 Wall St. направи интересна споредба – го претвори богатството на сите претседатели на САД во историјата во долари колку што вредат во 2020 година и ја состави листата на најбогати американски претседатели.

10. Бил Клинтон

42. претседател на САД (1993-2001)

Богатство: 75,9 милиони долари

Извор на богатство: Клинтон всушност се збогати откако престана да биде претседател. Тој заработи милиони од неговата автобиографија „Мојот живот“, а дел од богатството дојде од неговата сопруга Хилари и нејзините мемоари „Тежок избор“. И тој и таа заработуваат многу како говорници на семинари, конференции и слично.

9. Херберт Хувер

31. претседател на САД (1929-1933)

Богатство: 83 милиони долари

Извор на богатство: Хувер е вистински „сиромав милионер“. Израснал како сирак, дипломирал на Универзитетот Стенфорд и работел како рударски инженер пред да влезе во политика. Купил неколку рудници во кои подоцна било најдено сребро и така се збогатил.

8. Линдон Џонсон

36. претседател на САД (1963-1969)

Богатство: 109,3 милиони долари

Извор на богатство: Џонсон беше млад, амбициозен и сиромашен млад човек се додека не се ожени со Клаудија Тејлор, една од најбогатите жени во тоа време. Тие заедно создадоа империја во Тексас, но најголемиот дел од парите беа од радиостаницата во сопственост на Тејлор.

7. Џејмс Медисон

4. претседател на САД (1809-1817)

Богатство: 113,3 милиони долари

Извор на богатство: Родителите на Медисон биле исклучително богати плантажери и тој го наследил семејниот бизнис. Кон крајот на животот, тој беше во долгови поради лошите инвестиции и раскалашениот живот на неговиот посвоен син.

6. Ендру Џексон

7. претседател на САД (1829-1837)

Богатство: 132,6 милиони долари

Извор на богатство: Џексон е еден од ретките американски претседатели кои всушност се родени сиромашни. Богатството се стекна со работа како адвокат и преку брак. Тој наследи огромни пари од неговата сопруга Рејчел, која почина непосредно пред тој да стане претседател.

5. Теодор Рузвелт

26. претседател на САД (1901-1909)

Богатство: 139,7 милиони долари

Извор на богатство: Тој го наследи скоро целото свое богатство. Цел живот бил во јавна служба и се верува дека не заработил многу во тоа. Удобниот живот му го овозможи семејното богатство.

4. Томас Џеферсон

3. претседател на САД (1801-1809)

Богатство: 236,8 милиони долари

Извор на богатство: Пред да влезе во политиката, Џеферсон беше богат земјопоседник и поседуваше голем број фарми. Како и да е, интересно е што тој умре во долгови, затоа што живеел разуздан живот со трошоци над неговите можности.

3. Џорџ Вашингтон

Прв претседател на САД (1789-1797)

Богатство: 587 милиони долари

Извор на богатство: Поголемиот дел од своето богатство го наследил од својот полубрат, но се збогатил и како генерал, а подоцна и како политичар.

2. Џон Кенеди

35. претседател на САД (1961-1963)

Богатство: 1,1 милијарда долари

Извор на богатство: Богатството на Џон Кенеди е незгодно за вакви проценки, бидејќи најголемиот дел го наследил. Кенеди е роден во исклучително моќно семејство, богато со генерации наназад.

1. Доналд Трамп

45. претседател на САД (2017-денес)

Богатство: 3,1 милијарди

Извор на богатство: И Трамп е „роден во свила и кадифе“. Се проценува дека тој, покрај бизнисот со недвижнини, од татко му наследил 413 милиони долари, а после тоа ја умножил таа сума. Во споредба со него, неговиот противник на изборите, Џо Бајден, чие богатство Forbes го проценува на „само“ 9 милиони долари, изгледа како „обичен сиромашен човек“.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Живот

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Read more

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Read more

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Read more

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Read more
 

Магазин

Колку сол всушност треба да ставите во водата кога варите тестенини?

Читај повеќе

Едноставен пијалaк со кој треба да го започнеме утрото

Читај повеќе

Што треба да јадете ако се разбудите исцрпени и уморни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Омилен десерт за сите деца: Направете мачкини очи како од слаткарница

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги заштите растенијата на балкон или двор од зимскиот студ?

Читај повеќе

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе