Двајцата пратеници од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на COVID-19, облечени во скафандри пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев.
Станува збор за пратеникот Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и за пратеничката Ангелика Петкова.