Двојното државјанство им отвори пат на косовски политичари кон македонското Собрание

Косовската партија Самоопредеување влегува на изборите во Македонија. Ваква вест одекна викендов во медиумите, откако Изет Меџити од Демократското движење пред споменикот на Скендербег гордо го претстави вклучувањето на партијата на косовскиот премиер Албин Курти како четвртата политичка партија во коалицијата Европски сојуз во Македонија.

Меџити најави дека програмата ќе ја работат заедно, а отворија и заедничка канцеларија.

Меџити во изјава за Макфакс објаснува дека поединци кои дејствуваат во косовската партија ќе се најдат на парламентарните листи, а некои веќе и биле дел и од македонската политичка сцена.

„Советникот на Албин Курти за Македонија, Беким Ќоку е стружанец и македонски државјанин. Тој и порано бил пратеник во македонското Собрание“, вели Меџити, кој го најави Коќу како претставник на Самоопределување во Македонија.

Меџити објасни дека Самоопределување дејствува како партија со политичари од целиот регион и во својата структура има државјани и на Македонија, Албанија, активисти од Прешево. Верува дека одлуката не се судира со законите.

Македонските закони не дозволуваат учество на странска партија, но кандидат за пратеник може да биде секој што е државјанин на Македонија

Според македонските закони, не е дозволено учество на странска партија во изборниот процес.

Во членот 8 од Законот за политички партии е наведено дека политички партии регистрирани во други земји не можат да дејствуваат во државата.

Движењето Самоопределување не е регистрирано во Македонија и како такво не може да биде дел од изборниот процес. Тоа го потврди и претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кој вчера изјави дека не постои можност партијата на Курти да учествува на изборите во Македонија.

Во таа насока и професорката Мирјана Најчевска вели: „Според нашите закони не може странска партија да учествува на избори, не може странски државјанин да биде на изборна листа и не може некој кој членува во друга партија освен таа која е носител на листата да биде на листа. Така што не ми е јасно што им е идејата“.

Истовремено, ако се погледне изборниот законик, улсовите да се биде пратеник во македонското Собрание се задолжително поседување на македонско државјанство, наполнети 18 години и деловна способност.

Тоа значи дека странска партија не може да учествува на избори, но нејзините претставници доколку имаат македонско државјанство, односно двојно државјанство, можат да бидат кандидати за пратеници, а ограничувања за кандидатура на лица кои дејствуваат полички во друга држава, во законите нема.

Дел од познавачите деновиве коментираат дека праксата политички активисти од други држави да дејствуваат политички во Македонија, со македонско државјанство, остава простор за воскреснување на идеите за големите држави на Балканот.

Ова, дополнително, може да штети на националните интереси во иднина.

Засега нема одговор на иницијативите да се забранат политички функции на лица со двојни државјанства

Професорот по уставно право, Саво Климовски, смета дека ова што се случува е резултат на политичките активности во минатото со кои се овозможи лесно да се дојде до македонско државјанство.

„Доделени беа голем број државјанства“, вели Климовски, објаснувајќи дека законски секој што е македонски државјанин може да се кандидира за пратеник.

Во повеќе наврати во минатото имаше иницијативи политичари со двојно државјанство да не можат да извршуваат функции, но таквите иницијативи засега остануваат нереализирани.

Политичката партија Левица во својата програма превидува забрана за можноста да се извршуваат високи државни функции од страна на лица со две или повеќе државјанства.

Левица смета дека косовската владејачка партија на премиерот Албин Курти директно се меша во внатрешните работи на Македонија, во обид за воспоставување на единствена политичка сцена во регионов, преку која ќе се манифестираат заложбите исклучиво на албанската етничка заедница, што пак претставува сериозна закана за унитарниот карактер на Македонија.

„Иконографијата карактеристична за балистичката идеја за Голема Албанија не изостанува во ниту една пригода од која дел е партијата на Курти. Така беше и за време на неговата неодамнешна посета во Тетово, така беше и сега на отворањето на канцеларијата на споменатиот Европски сојуз за промени, каде се вееја знамиња со картата на Голема Албанија. Доколку се дозволи било какво учество и политичка ангажираност на косовската владејачка партија во Македонија и не се казнат таквите досегашни активности, тоа ќе претставува опасен преседан, каде трите лидери на предизборната коалиција, составена од три иредентистички политички платформи заедно во директна соработка со владејачка партија на Приштина, ќе се борат за власта во Македонија“, велат од Левица.

СДСМ и ДУИ засега не излегоа со став. Макфакс им испрати прашања што мислат за најавата на албанскиот опозициски блок за коалицирање со партијата на Курти, од каде што очекуваме одговор.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека регистрирање на политички субјект во државава е предмет на закон, а во случајот се работи за односи во рамки на албанскиот политички блок.

„Државата согласно закон треба да реагира ако има простор за тоа. Треба да се почитува законот. Тоа е најважно. Инаку, тоа се односи во рамки на албанскиот политички блок, а за мотивите треба да одговорат засегнатите. За нас е најважно овде да завладее еднаш засекогаш законот и Уставот и да владее за сите“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава за Макфакс.

Од Владата нема одговор на прашањето на Макфакс како го коментираат планот за учество на избори на лица кои политички веќе дејствуваат во друга држава.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе