Едногодишно дете со сериозни коморбидитети почина од COVID-19

Скопје, 24 декември 2021 (МИА) – Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на едногодишна возраст починато на 29.11.2021.

Како што наведуваат од ИЈЗ, според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојувало во Домот за деца без родители во Битола. Истото, повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија.

-До денот на  последната хоспитализација,  детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде  поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на COVID-19, е упатено во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле (ИБЗД). По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64 проценти, а во претходен договор од ИБЗД Козле, детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување. Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година, кога и покрај сите преземени дејствија за лекување и  реанимација, завршува летално, стои во соопштението од ИЈЗ.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе