Еколошкото востание за утре најави продолжување на протестите и блокадите во 30 градови низ Србија

Еколошкото востание заедно со повеќе од 40 иницијативи, движења и активисти одлучија да продолжат со протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протести и блокади што ќе се организираат низ Србија во сабота, на 11 декември, во 14 часот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Повлекувањето на предаторските закони е добар знак, но тоа е далеку од победа. Сите тајни договори и меморандуми со рудникот за литиум Рио Тинто, потпишани или од поранешната или од сегашната власт, мора да бидат достапни на граѓаните и под итно да се поништат, се вели во соопштението

Посебен акцент е ставен на поддршката на официјалната иницијатива на граѓаните на Лозница потпишана од повеќе од 5.400 граѓани на овој град, со која се бара бришење на рудникот од просторниот план на Лозница, поточно Горње Недељице и отворање на јавните сервиси за експерти и научници кои конечно ќе ја објаснат целата опасност што се подготвува.

Еколошкото востание го повтори апелот до полицијата мирно и законски да ги обезбедува собирите, да не врши никакви репресии и заплашувања, но и да ги поништи незаконските прекршочни пријави на граѓаните.

Според нивните информации, блокади и протести в сабота ќе има во Белград и 30 градови во Србија и пред седиштето на Рио Тинто во Лондон.

Саво Манојловиќ, претставник на Движењето „Движи-промени“ синоќа изјави дека доколку Владата в петок го исполни ветувањето и направи измени во Законот за референдум, тие ќе си го одржат зборот и нема да излезат на блокадите.

Манојловиќ кажа дека движењето го подготвува следниот чекор поврзан со кампањата за Рио Тинто, кој ќе биде објавен на социјалните мрежи.

Зборувајќи за другите организации кои најавија дека нема да се откажат од блокадата, Манојловиќ оцени дека никој нема монопол на протестите и дека секој има легитимно право да го застапува својот став.

Членот на движењето „Да не го давиме Белград“, Добрица Веселиновиќ, изјави дека движењето не верува оти со измените на законот за референдум и експропријација се исполнети основните барања на протестот.

– Мислам дека ова е голема победа за граѓаните и им честитаме на сите што деновиве беа на улица. Што се однесува до нас, тоа значи дека основните барања на протестот се исполнети, кажа Веселиновиќ.

Како што кажа, ќе ја чека одлуката на организаторите, наведувајќи дека смета дека најлошо е што во сегашната ситуација „имаме некакво растурање и некаква поделеност“.

– А заправо организаторите на досегашните блокади штотуку се поделија, кажа тој.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во среда го врати во Собранието Законот за експропријација, а денеска пратениците на предлог на Владата ќе ги разгледаат измените на Законот за референдум и народната иницијатива.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Регион

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе